Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Пецаков ја презентираше донацијата од компанијата „Ховер крафт адриа“ за основните училишта „Климент Охридски“ и ООУ „Григор Прличев“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Охрид
Hofer_Craft_25042023004

Градоначалникот Кирил Пецаков, ја презентираше добиената донација од компанијата „Ховер крафт адриа“, а тоа се „Ер Трекови“ , односно специјализирана подлога за физички активности. Оваа компанија донира две вакви подлоги едната ќе биде во ООУ „Климент Охридски“ , а другата во ООУ „Григор Прличев“.

— реклама —

– Компанијата „Ховер крафт адриа“ свој прозиводствен погон отвори неодмана во Охрид, а доаѓа благодарение на нашите заложби и лобирања за инвестирање во Охрид. Благодарение на коректниот однос на кој наидоа, менаџментот на компанијата донесе одлука за почеток да донира две специјализирани подлоги. Тука сакам да ја изразам мојата благодарност и да порачам и другите компании да го следат нивниот пример. Нашите заложби за привлекување на компании да инвестираат во Охрид, продолжуваат. Тоа го манифестираме преку градење партнерски односи и давање на поддршка во рамки на нашите ингеренции, истакна градоначалникот Пецаков и додаде дека како одговорна Локална самоуправа, постојано се грижиме и вложуваме во образовнието и развојот на децата. Затоа вакви подлоги ќе набавиме и за останатите училишта на територија на Општина Охрид.

— реклама —

Изминатиов период Општина Охрид изврши набавка на топки за сите видови спортови и спортски реквизити неопходни за непречено одвивање на наставата по физичко и здравство образование, а пред велигденските празници и официјално беше ставено во употреба реконструираното повеќенамесно игралиште во склоп на училиштетот „Св. Климент Охридски“. Покрај подобрувањето на условите во образовните институции, тука е и поддршката на учениците преку стипендирање во повеќе категории.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library9nr1bcc6bebi40be2s6

(Видео) Мицкоски најавува 2.000 гости дневно во Охрид, надвор од сезоната

Настани | пред 1 ден

media-libraryaucqh3qv0hmfdSLKd2J

Голема реконструкција во Охрид која завршува пред јуни: Нов изглед и поголем капацитет на аеродромот

Настани | пред 1 ден

media-library4ltldth2hh88bWkHgZM

Парковите и зеленилото во Охрид секојдневно одржувани во пролетниот период

ОО | пред 2 дена

media-library4utgefij1v4adzHFxwI

Отворен спомен-парк на хероите во Охрид

ОО | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања