Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Пецаков: Нам ни е потребна онаква храброст каква што во себе го содржи тој 11 Октомври, датумот кој го насочи текот на историјата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Охрид
11_Oktomvri_10102022003

Во присуство на голем број граѓани, продолжувачи на слободарските традиции, пратеници и советници, денес со свечена академија се одбележа 81 година, од почетокот на антифашистичката и национално ослободителната борба на македонскиот народ во Втората светска војна.

— реклама —

Во името на Општина Охрид пред присутните се обрати градоначалникот Кирил Пецаков, кој во оваа прилика истакна:

— реклама —

– Четиригодишната народно-ослободителна епопеја на Македонскиот народ во Втората светска војна, ги постави темелите на новата Македонска држава и го реализира многу вековниот сон на Македонскиот народ за создавање сопствена држава.

— реклама —

Континтинуираната борба на македонскиот народ резултираше со формирање на самостојна и независна Република Македонија, како единствена државна територија на Македонскиот народ на овие немирни Балкански простори.

Затоа, 11 Октомври, не претставува само придружување на македонскиот народ на светската антифашистичка коалиција, туку истовремено неговата големина е во спојување на временскиот континуитет на вековниот сремеж на Македонецот за опстојување на својата територија и приклучување на својот народ и својата држава кон големото Светско семејство на народите.

За многу одлуки во животот потребна е храброст. Но, најголема е храброста да се задржи своето и подготвено и достоинствено да се одговори на предизвициите кои ги носи иднината. Нам ни е потребна онаква храброст каква што во себе го содржи тој 11 Октомври, датумот кој го насочи текот на историјата, поставувајЌи ги темелите на идниот националниот развој.

Затоа овие датуми се неизбришливи и инспиративни за генерациите кои доаѓаат.

Почитувани присутни, нека ни е честит и долговечен 11 Октомври, симболот на непокорот на македонскиот народ.

Од името на Организацијата на Сојузот на борците – продолжувачи на слободарските традиции, говореше Љубиша Машановиќ:

– 11 Октомври, Денот на народното востание, симболот на непокорот и слободарскиот дух на македонскиот народ, претставува продолжение на нашите револуционерни и слободарски традиции изразени на сите претходни буни и востанија.

Од таа Народноослободителна војна израснаа крупни личности, водачи, народни херои, херои на своето време – Кузман Јосифоски – Питу, иделогот на движењето и борбата, Мирче Ацев, Страшо Пинџур, Цветан Димов, Христијан Тодоровски – Карпош, Невена Георгиева – Дуња, Ибе Паликуќа, големиот поет Коста Рацин, командантот на Народноослободителната војска, генерал Михајло Апостолски и многу други знајни и незнајни јунаци.

Сега, кога имаме самостојна македонска држава, кога ја имаме долго очекуваната слобода, нашата најголема одговорност е да не дозволиме нивните жртви да станат залудни. Храброста се покажува тогаш кога треба да се даде животот за својата Татковина, но храброста се покажува и тогаш кога треба да се живее за неа. Не смееме да дозволиме нешто што е создавано со векови да дојде во опасност да биде загубено за миг.

Нека ни е честит и вековит 11 Октомври, Денот на народното востание на Македонија и Ден на борецот. Нека овој голем ден ни биде патоказ и нам и на генерациите по нас, да ја чуваме слободата, сувереноста и независноста на нашата мила Татковина Македонија.

Свечената академија продолжи со уметничка програма, од учениците од средните училишта “Св. Климент Охридски“ и “Тодор Скаловски – Тетоец“ и основното училиште “Ванчо Николески“, под менторство на професорите Светлана Голабоска, Даниел Чурковски и Емилија Блажеска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library9nr1bcc6bebi40be2s6

(Видео) Мицкоски најавува 2.000 гости дневно во Охрид, надвор од сезоната

Настани | пред 1 ден

media-libraryaucqh3qv0hmfdSLKd2J

Голема реконструкција во Охрид која завршува пред јуни: Нов изглед и поголем капацитет на аеродромот

Настани | пред 1 ден

media-library4ltldth2hh88bWkHgZM

Парковите и зеленилото во Охрид секојдневно одржувани во пролетниот период

ОО | пред 2 дена

media-library4utgefij1v4adzHFxwI

Отворен спомен-парк на хероите во Охрид

ОО | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања