Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Пецаков: Само преку гласно зборување за ретките болести ќе се овозможи полесно надминување на предизвиците

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Охрид
328632904_864349171526039_5821234737797098505_n

Лицата со ретки болести и нивните најблиски ја заслужуваат нашата постојана поддршка и подадена рака. Искрено се радувам што и оваа година им го посветуваме месецот февруари и тоа што по петти пат ќе ја поддржиме националната кампања „Ги запознаваме ретките болести“ која има за цел да ја подигне јавната свест во општеството и да обезбеди подобри услови за третман и лекување на овие лица, вели градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.

— реклама —

„Само преку заедничка соработка, гласно зборување за ретките болести и поголемо споделување на информации во јавноста, ќе се овозможи полесно надминување на предизвиците и ќе се обезбеди исполнување на долгорочни цели.

— реклама —

Општина Охрид во согласност со програмите и законските регулативи за социјална заштита, во континуитет поддржува активности и проекти за обезбедување подобри услови за лицата со ретки болести. Со цел да им се излезе во пресрет на нивните потреби, да се обезбеди поголема инклузија и да им се овозможи поголем напредок во образованието, втора година по ред доделуваме стипендии за ученици, студенти и магистранти со ретки болести.

— реклама —

Горд сум што преку конкретни мерки покажавме дека може да се најде начин и да се обезбеди скромна поддршка која е од големо значење за овие лица. Се надевам дека ќе бидеме позитивен пример и поттик за останатите јавни институции, кои треба да вложат поголеми напори и да ги исполнат барањата на лицата со ретки болести.

Охрид и годинава ќе блесне во боите на ретките и ќе испрати јасна порака за поддршка на неуморната борба со предизвиците, кои секојдневно ја водат овие лица и нивните семејства. Посакувам секој зрак светлина да им донесе нова надеж за поубаво утре, подобро здравје и посреќен живот.

Ви посакувам успешна кампања“, додава тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library9nr1bcc6bebi40be2s6

(Видео) Мицкоски најавува 2.000 гости дневно во Охрид, надвор од сезоната

Настани | пред 1 ден

media-libraryaucqh3qv0hmfdSLKd2J

Голема реконструкција во Охрид која завршува пред јуни: Нов изглед и поголем капацитет на аеродромот

Настани | пред 1 ден

media-library4ltldth2hh88bWkHgZM

Парковите и зеленилото во Охрид секојдневно одржувани во пролетниот период

ОО | пред 2 дена

media-library4utgefij1v4adzHFxwI

Отворен спомен-парк на хероите во Охрид

ОО | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања