Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Пет комисии ќе заседаваат во Собранието – на дневен ред повеќе законски измени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-library0b8c6746947deE9ySDv

Во Собранието ќе заседаваат пет комисии: за одбрана и безбедност, за избори и именувања, за економски прашања/труд/енергетика, за земјоделство/шумарство/водостопанство и Законодавно-правната комисија. На дневен ред се повеќе предлог-измени по скратена постапка: јавни набавки во одбрана и безбедност, безбедност во сообраќај, воени стоки, возила и шумите. Комисијата за избори и именувања ќе формира селекциска комисија за ДКСК и ќе разгледува барања за плата по престанок на функција.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Во Собранието ќе заседаваат пет комисии - Комисијата за одбрана и безбедност, Комисијата за прашања на изборите и именувањата, Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика, Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство и Законодавно-правната комисија.

Пред членовите на Комисијата за одбрана и безбедност се Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки во областа на одбраната и безбедноста, Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за развој, производство и промет на воени стоки, сите по скратена постапка.

— реклама —

На дневен ред на Комисијата за прашања на изборите и именувањата се Формирањето Комисија за селекција на кандидати за член на Државната комисија за спречување на корупцијата и Разгледувањето барања за остварување право на плата по престанок на функцијата од поранешен претседател и член на Регулаторната комисија за домување.

На Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика е Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за возила, по скратена постапка.

— реклама —

Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за шумите, по скратена постапка е на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство.

На дневен ред на Законодавно-правната комисија се Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки во областа на одбраната и безбедноста, Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за развој, производство и промет на воени стоки, Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за возила и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за шумите, сите по скратена постапка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library2usa516otu319IXcNE8

Собранието ја помина првата фаза за укинување на техничката влада со 67 гласови „за“

Македонија | пред 18 часа

— реклама —
275715101_420339626528230_744779867548015241_n

Ќе има обид да се укине преодната техничка Влада, СДСМ алармира за „шверцерски“ закон

Македонија | пред 23 часа

media-library0b8c6746947deE9ySDv

Предлог-закон: Пратеник да може да има само македонско државјанство

Македонија | пред 1 ден

media-librarymqsd4segr0igbhf1sDO

Во Собранието презентирани извештаите на Транспортната заедница за 2025 година

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања