Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Пет сведоци пред Судот за пожарот во дискотеката „Пулс“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
media-libraryf0u7vqq2ekmj8jMmxJn
Скопје1.мк

Денес во судницата во „Идризово“ продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. На рочиштето треба да бидат сослушани пет сведоци предложени од Јавното обвинителство. На претходното рочиште сведочеа лица кои посочија дека немаат видено доказ за соработка меѓу „Пулс“ и обезбедувањето „Рубикон“, дека ДЗС во Кочани не добила документација за дискотеката и дека нема инспектор. Беше прекинато и сведочењето на Трајче Димишковски поради променет исказ; продолжува денес со читање на неговата изјава од истрагата. Процесот го води судијката Дијана Груевска-Илиевски, а Обвинителството го застапува тим од 15 обвинители.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.

— реклама —

На  денешното рочиште, треба да бидат сослушани пет сведоци предложени од Јавното обвинителство.

— реклама —

На последното рочиште пред Судот беше сослуш сведокот Горан Игновски, кој повеќе од 34 години работи со продажба и сервис на опрема за изнајмување за настани – озвучување, осветлување и сценски ефекти.

— реклама —

Сведочеше и вработена во сметководствено биро кое соработувало со Агенцијата за обезбедување „Рубикон“, која посочи дека никогаш не сретнала материјален доказ за деловна соработка меѓу дискотеката „Пулс“ и „Рубикон“.

Дополнително, вработена во подрачното одделение на Дирекцијата за заштита и спасување во Кочани изјави дека во врска со дискотеката „Пулс“ не добиле никаква документација и дека подрачното одделение во Кочани нема инспектор за заштита и спасување.

Исто така сведочеше и Трајче Димишковски вработен како возач-доставувач од 2008 година во Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации. Неговото сведочење се следеше внимателно, бидејќи, како што беше посочено во судницата, тој го сменил исказот даден во истрагата. Потоа сведочењето на Трајче беше прекинато и истото треба да продолжи денес, кога ќе се чита што кажал пред обвинителите по трагедијата која однесе 63 млади животи

Со денешното рочиште продолжува доказната постапка со изведување сведоци на предлог на Обвинителството – кое го застапува тим од 15 јавни обвинители. Судскиот процес го води судијката Дијана Груевска-Илиевски и се наоѓа во фаза на доказна постапка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryal1bf04gcr551aeZsrH

39-ти „Марш на ангелите“ во Кочани: Додека светот го поместува часовникот напред, за нас времето стои

Македонија | пред 4 дена

puls-12

Сведок на судењето за „Пулс“: Општината навремено реагирала и побарала да не се издаде лиценца за работа на објектот

Македонија | пред 5 дена

media-libraryv3901mqr9fc34HuSIWL

Тројца нови сведоци за пожарот во Кочани - продолжува судењето за случајот „Пулс“

Македонија | пред 5 дена

media-libraryeu09uf1rl8j36Vf3zOF

Повторно се одложува судењето против деветте полициски службеници обвинети за пожарот во дискотеката „Пулс“

Македонија | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања