Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Пет возачи приведени за возење во пијана состојба, 296 санкционирани за брзо возење

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
policija-policaec-35-450x270-1

Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на изминатиот викенд (27 и 28 септември) полициските службеници спровеле засилени сообраќајни контроли низ целата држава. Во акциите биле издадени вкупно 1.156 платни налози, од кои најголем дел – 296 – за возачи кои ја надминале дозволената брзина на движење.

— реклама —

Според податоците, санкционирани се и 156 возачи за неправилно паркирање, 136 за управување возило без возачка дозвола, како и 95 за возење под дејство на алкохол над дозволеното ниво.

— реклама —

Во контролните активности полицијата регистрирала и други прекршоци: 16 мотоциклисти кои не носеле заштитен шлем, 40 возачи кои користеле мобилен телефон при управување со возило, 11 возачи кои минале на црвено светло и 57 лица кои не користеле сигурносен појас. Дополнително, од сообраќај биле отстранети 20 нерегистрирани возила и едно технички неисправно.

— реклама —

МВР соопшти дека поради безобѕирно управување со возило, односно присуство на алкохол во крвта над 1,5 промили, биле лишени од слобода пет возачи.

Од Министерството апелираат сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите, со цел да се зголеми безбедноста на патиштата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

falsifikt-evra

Лажни повици за „операции“: разбиена измамничка шема, жртви се повозрасни лица

Македонија | пред 8 часа

pari-evra-policija

На бизарен начин, велешанец остана без 4.000 евра

Македонија | пред 9 часа

media-librarysr1usvthm85l4RGDkwz

Напад врз полицаец во Шутка: Приведен скопјанец откако оштетил полициско возило

Македонија | пред 9 часа

media-library7mlppie6sdaa5jQszjZ

Насилен инцидент зад решетки: Осуденик повреден во Затвор Прилеп

Македонија | пред 12 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања