Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Петрова: Наследив загрижувачка состојба во УЈП

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Elena-Petrova

,,Во оваа прилика имам за цел да ја информирам јавноста за една мошне загрижувачка, „кризна” состојба која ја наследив во УЈП со моето доаѓање на позицијата Директор, а која се однесува на најделикатните прашања поврзани со правата од работен однос на вработените во УЈП и начинот на организација на работењето во УЈП.

— реклама —

Во претходниот период, претходната директорка на УЈП донела одлука и акти кои се незаконски и заради кои сега внатре имаме „хаос” во организирањето на некои работни процеси и сме соочени со исправање на последици. Незаконитоста и формално-правните неправилности ги констатираа и Државната комисија за спречување на корупцијата и Државниот инспекторат за труд. Имено, ДИТ на записник констатира незаконитости на колективната одлука за прекинување на старите договори за вработување со кои претходната директорка ги откажала договорите за вработување на сите вработени во УЈП, а воедно им наредила да продолжат со работат до склучувањето на нови договори според новите интерни правилници, поради што ДИТ донесе Решение со кое наложи на УЈП да ја поништи незаконитата Одлука. Од друга страна, ДКСК констатира повреда на изборниот процес. Во моментов, јас сум соочена и треба да ја извршам наредбата на трудовиот инспекторат со која ми се наложува поништувањето на Одлуката, што практично значи поништување и на сите нејзини правни последици, односно тоа значи дека ќе се поништат договорите со вработените склучени по распишување на изборите, што има свое влијание и врз платите исплатени на определени вработени кои добиле повисоки плата со промена на нивниот статус.

— реклама —

Најмногу засегнатите – вработените во УЈП сега се изложени на трпење последици од одлуката на претходната директорка на УЈП. Но, вработените од УЈП најмалку се виновни за настанатата „криза“. Затоа, преку соработка со синдикатите се обидуваме заеднички да најдеме решение кое ќе има најмалку последици за било кој вработен во УЈП.

— реклама —

Би потенцирала уште еднаш - процесите на поништување на старите и склучување на нови договори со сите вработени во УЈП се одвивале во изборниот период. Оваа настаната ситуација можела и да се избегне доколку сите овие секако задоцнети процеси се спроведувале во законскиот рок. Имено, согласно измените на ЗУЈП, актите на УЈП требало да бидат донесени во законски рок до 3 ноември 2023 година, а се донесени со задоцнување на 9 февруари оваа година, во пресрет на изборниот период. Согласноста од Министерството за информатичко општество и администрација за овие правилници била издадена врз основа своевидна „манипулација” и вметнување на работни места во правилниците за кои немало намера да бидат пополнети и не се пополнети. Уште повеќе, согласноста е издадена истиот ден 9 февруари кога министерот, кој ја потпишал, бил разрешен, што е морален и политички хазард. Ова фрла црна „дамка” на целиот процес.

Почитувани, владеењето на правото и спроведувањето на законите е врвен императив во постапувањето на државните органи. Процесите треба да се одвиваат внимателно, а одлуките да обезбедуваат законити, трајни и одржливи решенија. Целиот процес на усогласување на сите вработени во УЈП по статус и плата ја изгуби својата смисла и добра намера, токму заради лошото управување, ненавремено постапување надвор од законските рокови, а потоа непромислено и избрзано постапување, формални и правни неправилности и незаконитости.”, изјави Елена Петрова, директорка на УЈП.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

fiskalni333

Сива економија под удар, УЈП со засилени контроли: Над 6.400 фирми работат без фискални апарати

Македонија | пред 1 ден

ujp

УЈП апелира до трговците да ги прилагодат фискалните системи, ценовниците и фактурите, најави засилени контроли

Македонија | пред 1 седмица

ujp

УЈП воведува системски пристап за ефикасна наплата на даночни долгови

Македонија | пред 2 седмици

media-library3et5jij1mhms4pJ31Mn

Секоја четврта контрола открива неправилности во готовинскиот промет: изречени 3.200 глоби и 120 затворени објекти

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања