Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

УЈП апелира до трговците да ги прилагодат фискалните системи, ценовниците и фактурите, најави засилени контроли

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 седмици -

Македонија
ujp

Согласно Одлуката на Владата на РСМ за определување на видот на добрата и временскиот период на примена на повластена даночна стапка, донесена на вонредна Владина седница одржана на ден 22 март 2026 година, во периодот од 24 март (00:01 часот) до 6 април (24:00 часот) 2026 година ќе се применува повластена даночна стапка на прометот на енергенсите (горивата) од 10%.

„Управата за јавни приходи ги известува сите даночни обврзници кои вршат трговија на мало со моторни горива и мазива во специјализирани продавници дека се должни навремено да извршат усогласување согласно Тарифникот од Одлуката, односно да ги прилагодат фискалните системи, ценовниците и фактурирањето, со цел правилна пресметка, евидентирање и прикажување на повластената стапка на данокот на додадена вредност (ДДВ) од 10%.

— реклама —

Управата за јавни приходи укажува дека примената на оваа мерка мора да биде доследна и во согласност со законските одредби. УЈП ќе врши засилени контроли со цел да се обезбеди целосно почитување на истите, при што за евентуални неправилности ќе бидат преземени соодветни законски мерки.

Ги повикуваме сите засегнати субјекти да постапуваат согласно прописите и да придонесат кон транспарентно и законито работење, во интерес на граѓаните и економијата“, велат од УЈП.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

ujp

Нов рок за ДДВ пријавите – УЈП апелира за навремено поднесување

Македонија | пред 19 часа

— реклама —
media-librarynp016akpm6tieujSQb4

УЈП: Истече рокот за даноците за 2025 - платете веднаш и избегнете повисок долг и блокади

Македонија | пред 2 дена

ujp

УЈП: Оданочувањето на приходите од странство не е нова мерка, туку постојна законска обврска

Македонија | пред 1 седмица

media-library3et5jij1mhms4pJ31Mn

УЈП тврди дека данокот за заработките од странство не е нов и дека мора да го наплатат

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања