Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Петровска: Наместо писма ВМРО-ДПМНЕ да го задолжи Гаши да закаже Комисија за Законот за бранители

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
IMG_6762

,,Изјавите и коментарите на партиите од власта кои ги слушнавме и прочитавме изминативе десетина дена поврзани со Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили на Република Северна Македонија и членовите на нивните семејства, по скратена постапка се пораз за демократијата, демант на сите изјави на истите тие политичари кои велеа дека сме свесни за значењето на соживотот, меѓуетничките односни, но и најголем доказ дека некои политичари не ја сфатиле суштината на интеграцијата во Европската унија и не ја сфатиле својата улога во нашето општество.

— реклама —

Предлог законот има една единствена цел, а тоа е да се допрецизира право кое е веќе утврдено во законите и да се предвидат одредби кои ќе значат правилен и правичен надоместок за жртвите и настанатите последици.

— реклама —

Но, наместо дебата, наместо дисусија за подобрување на текстот на законот, изјавите се сведоа под секое ниво и за жал, партиите на власт наместо да покажат државнички капацитет, покажаа незрело однесување и се впуштија во натпревар за тоа кој ќе го има последниот збор или кој ќе излезе со некој досетлив предлог.

— реклама —

Почитувани колеги пратеници од власта, овој предлог закон не е шаховска игра, не е ниту провокација, ниту обид за дестабилизација. Овој предлог закон е одговор на барањето за правда и правичност и тоа се мотивите заради кој овој закон е поднесен. И овој закон не се однесува само на припадиниците на безбедносните сили кои учествувале во воениот конфликт во 2001, туку и на оние кои загинале извршувајќи задачи во интерес и заштита на Република Северна Македонија.

Ако денес мене како предлагач ме обвинувате за дестабилизација и скриени намери, тогаш значи ли тоа дека и во ноември 2023 година кога ДПМНЕ го поднесе предлог законот правеше провокација? Дали тогаш нивниот предлог беше предизборен маркетинг и злоупотреба на ова прашање за изборни цели? Не сакам да помислам дека ова е така.

Затоа што јавноста има право да ја знае вистината, ќе соопштам дека предлог-законот кој тогаш беше поднесен како иницијатива од Достоинство беше подготвен во мојот кабинет како министерка за одбрана во координација со Стојанче Ангелов.

Но, заради неговата одлука да направи предизборна коалиција со ДПМНЕ, тој предлог-законот го поднесе како сопствена иницијатива, а не како предлог на Владата. И тој предлог-закон СДСМ го поддржа.

Наместо од ДПМНЕ да уценуваат со писма кои постапката ја враќаат чекор назад, нека го задолжат Претседателот на Собранието да го примени Деловникот, исто онака како што тоа го направи за задолжувањето од Унгарија и согласно член 126 став 3 нека ја закаже седницата на комисијата за труд.

Во спротивно, изјавите на првиот вицепремиер Меџити дека ставот на владејачката коалиција е дека овој закон нема да се донесе ќе биде потврда дека ДПМНЕ во Собранието се само бројка и немаат капацитет да ги реализираат ветувањата.

Колеги од власта, ви изгореа сите лаги и лицемерието и немањето капацитет да обезбедите услови овој закон да биде донесен ви излезе на виделина.”, вели Славјанка Петровска, пратеник на СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library84bfav7rmsp6d6Z9MXi

СДСМ: Мицкоски е „прокси руски играч“ – обвинувања за врски со Москва

Македонија | пред 6 часа

media-librarydfsnh8fo9kgp56JNiBc

Власта вклучува фирма од „црната листа“ на САД во енергетски бизнис, вели Димитријевиќ

Македонија | пред 7 часа

media-libraryg16a1eca1pu85Xs2wiA

Кузеска: Предавникот Мицкоски сака децениска изолација за свои лични профити

Македонија | пред 10 часа

media-libraryo24bhk258c1n5HlTdkk

СДСМ Аеродром: Митески и Ѓорѓиевски итно да го решат проблемот со паркирањето во Ново Лисиче

Скопје | пред 13 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања