Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Петрушевски: Артан е ортак во криминалите на Заев, Филипче, Спасовски и сите заедно ќе се соочат со правдата и ќе одговараат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryg99ac7jt117b4pR5atQ

ВМРО-ДПМНЕ вели дека го разбира револтот на граѓаните по одлуката за куќен притвор за Артан Груби и очекува судот да постапи „во заштита на правдата“. Потсетува дека Груби е осомничен во случајот со Државната лотарија за проневера над 8 милиони евра. Петрушевски обвинува дека СДС е во паника од можниот исказ на Груби и тврди дека тој е поврзан со криминали на Заев, Филипче, Спасовски и други. Според него, процесот допрва почнува и „правда ќе има“.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

ВМРО-ДПМНЕ апсолутно го разбира и оправдува револтот на граѓаните по одлуката на правосудните органи за куќен притвор на криминалецот Артан Груби, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Ги поздравувавме и Владините институции кои си ја завршија работата и го доведоа пред лицето на правдата, криминалецот Груби кој избега пред година дена, откако се отвори постапка за негова вина во случајот со Државната Лотарија за проневера на државни пари во вредност од над 8 милиони евра.

— реклама —

Очекуваме одлуката на судот да биде во заштита на правдата, а не соучесник во неправдата.

— реклама —

Но, она коешто е уште поважно е дека СДС, партијата која соработуваше и молчеше кога Груби правеше криминал, се исплаши до срж, затоа што не знаат што се Груби може да каже. Дали имаат страв дека неговиот исказ ќе оди до поранешен претседател на СДС и премиер на Македонија? Затоа ли вртеа по телефони интересирајќи се за исказот на Груби? Кого може Груби да повлече со него, дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал Заев, Филипче, Спасовски, Зечевиќ и други?

Почитувани,

Вистината е една и единствена, Артан е ортак во криминалите на Заев, Филипче, Спасовски и сите заедно ќе се соочат со правдата и ќе одговараат. Затоа е и паниката и нервозата во редовите на СДС, стравот од одговорност им влегол длабоко во коски.

Судскиот процес за Груби, екс вицепремиерот и министер во владата на СДС, почнува допрва, по судските клупи друштво ќе му прават и сите негови криминогени ортаци.

Правда ќе има“, вели Петрушевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarybl8dm9ud2j6na7HpA0p

Кривичниот суд му го продолжи куќниот притвор на Артан Груби

Македонија | пред 6 дена

media-librarylnhvjv0p7u36cQc6Vpt

Фрчкоски: Случајот со Груби е де факто и де јуре политички дил меѓу ВМРО и ДУИ

Свет | пред 1 месец

media-libraryrs75ttki7uc4fTvtE2b

Владејачката партија со обвинувања: СДС бега од одговорност во случајот „Груби“

Македонија | пред 1 месец

grubi5123

СДСМ: Со случајот за Груби се режира циркус, сè е однапред договорено

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања