Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Петрушевски: Груби ќе се соочи со правдата за сторениот милионски криминал

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryjv3va3fq8o872FpHYxd

Правдата го добива своето место. По година и пол бегство, денеска на граничниот премин Блаце уапсен е Артан Груби, поранешен прв вицепремиер и министер во владата на СДС и ДУИ, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Артан Груби кој важи за олицетворение на криминалот и корупцијата предводена од СДС и ДУИ, конечно ќе се соочи со правдата.

— реклама —

За потсетување на јавноста, криминалот на бегалецот од правдата, Груби достигна вредност од минимум 500 милиони денари или над 8 милиони евра, а има индиции дека оваа сума може да надмине десетици милиони евра, пари украдени од граѓаните.

— реклама —

Дополнителен криминал на Груби заедно со неговиот другар Бајрами, тогашен директор на Државната лотарија освен што местеле милионски тендери, е исплаќање на аванси на деловни соработници.

За целиот овој милионски криминал на Груби знаеше и СДС, но само за да не му пропадне коалицијата и да му потрае власта, молчеше и го одобруваше, со што стана соучесник.

Груби крадеше, СДС молчеше и одобруваше.

Сега е време на одговорност.

Борбата против криминалот и корупцијата е приоритет за ВМРО-ДПМНЕ, таа ќе продолжи и секој кој се огрешил пред законот, порано или подоцна ќе се соочи со правдата“, вели Петрушевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarybl8dm9ud2j6na7HpA0p

Кривичниот суд му го продолжи куќниот притвор на Артан Груби

Македонија | пред 6 дена

media-librarylnhvjv0p7u36cQc6Vpt

Фрчкоски: Случајот со Груби е де факто и де јуре политички дил меѓу ВМРО и ДУИ

Свет | пред 1 месец

media-libraryrs75ttki7uc4fTvtE2b

Владејачката партија со обвинувања: СДС бега од одговорност во случајот „Груби“

Македонија | пред 1 месец

grubi5123

СДСМ: Со случајот за Груби се режира циркус, сè е однапред договорено

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања