Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Петрушевски: Криминалната шема на СДС и ДУИ во ЕСМ - наместени тендери од 8 милиони евра и испрани 2 милиони

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-library2gq3bkag59dvdrsGMQz

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, денеска обвини дека СДС и ДУИ стојат зад, како што рече, криминална шема во државната компанија ЕСМ, преку која биле испрани околу два милиони евра пари на граѓаните.

— реклама —

Петрушевски изјави дека во 2023 година, под раководство поставено од тогашната власт на СДС и ДУИ, во ЕСМ бил наместен тендер вреден осум милиони евра. Според него, наместо спроведување транспарентна јавна набавка, биле вклучени две правни лица – едно од Скопје и едно од Куманово – со однапред утврдени улоги.

— реклама —

Како што појасни, фирмата од Куманово настапила со непотполна документација и со повисока цена, со цел да се создаде привид на конкуренција, додека скопската фирма доставила понуда речиси идентична со проценетата вредност на тендерот, иако таа вредност, според него, воопшто не била јавно објавена во огласот.

— реклама —

Петрушевски тврди дека по доделувањето на тендерот, за да се прикрие трагата, осомничените пуштале во оптек, примале и пренесувале средства во износ од околу два милиони евра, што, според него, претставува основ за кривично дело перење пари.

„По примерот на Зоран Заев и Венко Филипче, вака се местеа тендерите во државата додека владееја СДС и ДУИ“, изјави Петрушевски, обвинувајќи ги двете партии дека молчат и не се оградуваат од случајот, туку, како што рече, го штитат криминалот.

Тој порача дека токму поради ваквите случаи, СДС и ДУИ, според него, ќе останат во длабока опозиција. Од СДС и ДУИ засега нема официјален коментар на овие обвинувања.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarylhoccodprlv47gJbFWC

СДСМ: Мицкоски денеска отиде кај Орбан за да договара враќање на Никола Груевски

Македонија | пред 10 часа

media-librarymufu1rnr502f7TjsNnE

Филипче со порака до власта: Нема право да ја држи државата во изолација

Македонија | пред 14 часа

skopje-parking

СДСМ Аеродром: Селективното зонско ќе создаде хаос во Ново Лисиче

Скопје | пред 16 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања