Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Пезешкијан разговараше со Макрон: Иран ќе го брани својот територијален интегритет

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
makron

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан во разговор со Емануел Макрон изјавил дека Иран ќе го брани територијалниот интегритет и националната безбедност и ќе одговори решително на, како што ја нарече, незаконската американска и израелска агресија, вклучително и напади врз цивилни цели и островите Харг и Абу Муса. Тој тврди дека нападите се извршени со користење територија на некои земји од Персискиот Залив и ги повикал европските држави да се придржуваат до меѓународното право. Макрон, пак, побарал Иран веднаш да ги прекине „неприфатливите“ напади во регионот, директно или преку посредници, и нагласил дека Франција дејствува одбранбено и не смее да биде цел.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави за време на разговор со францускиот претседател Емануел Макрон дека Иран ќе го брани својот територијален интегритет и националната безбедност и дека „не се двоуми“ да им се спротивстави на агресорите.

Како што денеска пренесе иранската телевизија Прес ТВ, Пезешкијан во разговорот доцна синоќа детално му ги објаснил на Макрон размерите на тековната американска и израелска агресија врз Иран, за која рекол дека е незаконска, и нагласил дека агресорите продолжуваат со напади врз различни цели, вклучително и врз цивилни центри.

— реклама —

Тој особено ги спомнал неодамнешните напади врз два ирански острова, Харг и Абу Муса, нагласувајќи дека тие напади биле извршени од територијата на одредени земји од Персискиот Залив.

„Овие напади се извршени со користење на територијата на некои земји од Персискиот Залив. Ставањето на земјата и објектите на располагање на Америка за брутални напади врз Иран е спротивно на меѓународното право и на принципот на добрососедство“, истакнал Пезешкијан.

— реклама —

Тој додал дека, иако Иран никогаш не се стремел кон тензии или судир, неговиот одговор на агресијата ќе биде решителен.

Пезешкијан го критикувал деструктивниот пристап на одредени европски земји во поддршката, како што навел, на злосторствата на израелскиот режим и на Соединетите Американски Држави во регионот и ги повикал да се придржуваат до меѓународното право и владеењето на правото на глобално ниво.

Францускиот претседател Макрон синоќа, по разговорот со Пезешкијан, на платформата Икс објави дека до иранскиот претседател упатил повик Иран веднаш да ги прекине неприфатливите напади што ги спроведува врз земјите во блискоисточниот регион, директно или преку свои посредници, вклучително и Либан и Ирак.

„Го потсетив дека Франција дејствува во строго одбранбена рамка, со цел да ги заштити своите интереси, регионалните партнери и слободата на пловидба и дека е неприфатливо нашата земја да биде цел“, изјавил Макрон.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryit4682i4548j11F1nU1

„Имам добри вести“ – Трамп најави помилување на демонстрантки во Иран

Свет | пред 8 часа

— реклама —
lopta-fudbal

Иран сепак ќе настапи на Светското првенство во САД

Спорт | пред 9 часа

media-libraryjqohdp9bsumjckdoiza

Трамп: Иран може да добие уште три до пет дена

Свет | пред 9 часа

media-library4md44j2raa565nJ5iCE

Цените на нафтата надминаа 101 долар поради тензии во Ормускиот теснец

Свет | пред 9 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања