Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Планови за враќање од Израел преку Египет на македонски државјани, можен ангажман и на владиниот авион

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
mnr-5-1

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија соопшти дека интензивно работи на обезбедување услови за соодветна и безбедна евакуација на македонските државјани од погодените подрачја на Блискиот Исток, вклучително и од Обединетите Арапски Емирати.

Според информациите од Министерството, во моментов се разработуваат планови за враќање на македонските државјани од Израел преку Египет, со користење комерцијални летови, а по потреба и со ангажман на владиниот авион. За Обединетите Арапски Емирати и Катар се разгледува можноста за организирање комерцијален или чартер-лет, во зависност од безбедносните и логистичките услови на терен.

— реклама —

Во изминатиот период, преку дипломатско-конзуларните претставништва било асистирано при безбедното извлекување на едно лице од Иран, фудбалер кој преку Турција се вратил во Република Македонија. Дополнително, шест македонски државјани кои се наоѓале во Израел веќе обезбедиле авионски билети од Египет кон Скопје, при што Министерството активно помогнало во координацијата и организацијата на нивното заминување.

Од Министерството нагласуваат дека безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет и дека во директна комуникација со пријателски земји и партнери, како и преку дипломатско-конзуларните претставништва, се преземаат сите неопходни активности за нивно безбедно и навремено враќање во државата.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryit4682i4548j11F1nU1

„Имам добри вести“ – Трамп најави помилување на демонстрантки во Иран

Свет | пред 11 час

— реклама —
lopta-fudbal

Иран сепак ќе настапи на Светското првенство во САД

Спорт | пред 12 часа

media-libraryjqohdp9bsumjckdoiza

Трамп: Иран може да добие уште три до пет дена

Свет | пред 12 часа

media-library4md44j2raa565nJ5iCE

Цените на нафтата надминаа 101 долар поради тензии во Ормускиот теснец

Свет | пред 13 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања