Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Платите во судството под лупа: познато колку зимаат судиите од основните судови до Врховен суд

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
Screenshot-2025-06-25-212944

Камбовски: Нема судија со плата од 180.000 денари, највисока лани била 139.738, но без додатоци за ризик и доверливост

— реклама —

Претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски ја коментираше изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека претседателите на судовите земаат плата по 180.000 денари.Камбовски тврди дека нема таква плата во државата.

— реклама —

,,Судија во основен суд со основна надлежност има нето-плата од 86.623 денари, судија во суд со проширена надлежност има 89.346 денари, а претседател на основен суд 99.112 денари. Тие се платите за основните судови. Судија во Врховниот суд зема плата 105.000 денари, претседателот 114.000 денари. Овие плати што ги кажувам се основните, а на овие плати има додаток за минат труд. Највисока плата за 2024 година исплатена на судија во 2024 година изнесува 139.738 денари во нето износ.На овие плати, не се ставени додатоци за доверливост и за ризик при работа, зашто, како што рече, тие додатоци не ги земаат секој месец и не се исти”, изјави Камбовски.

— реклама —

Тој се согласува со предлогот на премиерот Христијан Мицкоски за тоа Судскиот совет и Советот на јавни обвинители да изготват список што им треба од финансии и да го достават.

Претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски, се надева дека до крајот на годината Судскиот совет ќе има предлог за нов член на Уставниот суд од редот на судиите.Местото на Елизабета Дуковска е место коешто го предлага Судскиот совет, а за местото Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, која даде оставка тие немаат никакви ингеренции и таа оди преку Собрание.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryp2dfqniqeossffhhmkH

Советот на обвинители ја одби Ленче Ристоска: Нема докази за политички притисоци

Македонија | пред 12 часа

media-library6sdah25mo14lbbf9Urj

Мицкоски го одби Савески за зголемен буџет за плати на обвинителите: Во тој дел нема да имаме разбирање, но за ресурсите – да

Македонија | пред 1 седмица

media-librarygvjkn3rgmo1q7gRNdgY

Ненад Савески избран за државен јавен обвинител, го поддржаа 66 пратеници

Македонија | пред 1 седмица

media-library271n70jac5nfbQSOCoz

Застој во борбата против криминалот: Пет обвинители кои гонеа организиран криминал останаа без мандат поради ненавремениот избор од Советот

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања