Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

По 14 години, се бара по третпат да се приспитува убиството кои ги уби децата и рибарот кај Смилковско, овојпат од новиот јавен обвинител

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
smilkovsko-ezero-zrtvi

Случајот „Монструм“ повторно предизвика политички судир по повиците да се преиспита, со меѓусебни обвинувања меѓу пратениците. Александар Николоски (ВМРО-ДПМНЕ) оцени дека се злоупотребува трагедијата на семејствата, потсетувајќи на контрадикторните изјави на Зоран Заев од 2015 и 2021 година. Халил Снопче возврати дека политичарите не треба да се мешаат во правни процеси, но побара институциите да истражат ако има сомнежи за монтиран случај.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Случајот „Монструм“ повторно ја отвори политичката дебата, откако во јавноста се појавија повици за негово преиспитување, проследени со остри реакции и меѓусебни обвинувања меѓу пратениците.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, остро реагираше на изнесените ставови, оценувајќи дека се прави злоупотреба на трагедијата и болката на семејствата кои ги изгубија своите најблиски.

— реклама —

„Не можам да поверувам дека во 2026 година вие и претходниот говорник сте единствените кои верувате на тезите на зоран заев од 2015 година, а во 2021 година ги демантираше. Во 2015 година во интервјуа велеше дека овие што се во затвор не се виновни и дека други се виновни, а во 2021 година кажа дека тоа биле лични впечатоци, негови видувања, дека немал податоци, документи и разговори туку се му било врз основа на прашања од новинари, па споделувал видувања и чувства. Со што добри шест години стави во катастрофална состојба членови на семејства кои изгубија деца. Да злоупотребувате судбина на семејства кои ги изгубија најблиските, е срамно“, рече Николоски коментирајќи за случајот „Монструм“ кој беше споменат како еден од слчаите кои треба да се реотвори во 2026 година оти според Халил Снопче бил монтиран.

Од друга страна, пратеникот Халил Снопче возврати дека е недозволиво политичарите да се мешаат во правни процеси, но истовремено повика институциите да постапат доколку постојат сомнежи.

— реклама —

„Безобразлук е да излезеш и да се мешаш во правни консеквенци како политичар. Тоа што кажал како Заев, не знам. Вие требаше да кажете дека ако има импликации за монтирани процеси, Савески да излезе и да преиспита. Абе истражете го случајот“, рече Снопче.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library2usa516otu319IXcNE8

Собранието ја помина првата фаза за укинување на техничката влада со 67 гласови „за“

Македонија | пред 16 часа

— реклама —
275715101_420339626528230_744779867548015241_n

Ќе има обид да се укине преодната техничка Влада, СДСМ алармира за „шверцерски“ закон

Македонија | пред 21 час

media-library0b8c6746947deE9ySDv

Предлог-закон: Пратеник да може да има само македонско државјанство

Македонија | пред 1 ден

media-librarymqsd4segr0igbhf1sDO

Во Собранието презентирани извештаите на Транспортната заедница за 2025 година

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања