Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

По седум дена обвинителката Цалева сфатила дека нема искуство да раководи со Вишото обвинителство-Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
viso-obvinitelstvo

Обвинителката Наташа Крстевска Цалева се повлекла од раководната функција во Вишото јавно обвинителство бидејќи сметала дека нема доволно искуство, дознава „Скопје1“. Таа до Советот на јавни обвинители испратила писмо насловено како „молба“, за да биде тргната од функцијата по само седум дена откако беше назначена. Таа беше предлог на републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски, за кого во тек е постапка за разрешување.

— реклама —

„Скопје1“ побара став од Советот на јавни обвинител. Претседателката Душица Димитриеска посочи дека го добила писмото и дека на денешната седница ќе ги запознае останатите членови со неговата содржина. Посочи дека дневниот ред за оваа седница е утврден од пред една недела, па затоа, не е сигурна дека по барањето ќе може да се одлучува денеска.

— реклама —

Изборот на Крстевска-Цалева беше проследен со различни коментари. Владата тврди дека ова е незаконско.

— реклама —

Таа не ги издржа критиките и поднесе оставка. Коцевски поведе дисциплинска и поведе постапка против досега првиот човек на ова обвинителство, Мустафа Хајрулахи, заради наводен мобинг кон свои колеги. Хајрулахи во јавни настспи тврди дека е жртва на притисок. Оддалечен од функцијата, на предлог на Коцевски е и досегашниот заменик Јове Цветановски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryp2dfqniqeossffhhmkH

Советот на обвинители ја одби Ленче Ристоска: Нема докази за политички притисоци

Македонија | пред 12 часа

media-library6sdah25mo14lbbf9Urj

Мицкоски го одби Савески за зголемен буџет за плати на обвинителите: Во тој дел нема да имаме разбирање, но за ресурсите – да

Македонија | пред 1 седмица

media-librarygvjkn3rgmo1q7gRNdgY

Ненад Савески избран за државен јавен обвинител, го поддржаа 66 пратеници

Македонија | пред 1 седмица

media-library271n70jac5nfbQSOCoz

Застој во борбата против криминалот: Пет обвинители кои гонеа организиран криминал останаа без мандат поради ненавремениот избор од Советот

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања