Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Почна судењето „Онкологија“: Не станува збор за пропусти, туку за криминално несовесно лекување, рече обвинителката

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
nino-vasev-sud

На отворањето на постапката за случајот Онкологија, обвинителката Ана Гоговска Јакимовска изјави дека Нино Васев и тројца онколози не направиле само грешки, туку „криминално несовесно лекувале“. Таа посочи дека пациентите и нивните семејства имале доверба во обвинетите, очекувале соодветна грижа и терапија, а „не ни помислувале“ дека нивното здравје ќе биде нарушено.

— реклама —

Според обвинителството, доказите ќе покажат дека Васев – како лекар, онколог и физотерапевт – свесно и систематски постапувал спротивно на основните етички начела и на онколошките правила, со што предизвикал сериозни нарушувања на здравјето на пациенти. Во посочениот период, велат од ОЈО, преземал низа временски и содржински дејствија искористувајќи ја својата позиција и пропустите во системот, при што грубо ги нарушил европските и светските стандарди и препораки за онколошко лекување. Без конзилијарни одлуки и без потребна медицинска документација одобрувал и спроведувал неподобни терапии – надвор од индикација, со недозволени дози, со несоодветно темпирање и без процена на перформанс-статус и биохемиски параметри. Дел од терапиите, според обвинението, се давале и кога било очигледно дека се бесцелни, па дури и штетни, вклучително и случаи на употреба на имунотерапија кај пациенти без можност.

— реклама —

Во однос на Мери Пешевска, обвинителката наведе дека несовесното постапување било овозможено и преку нејзина директна соработка со Васев: му ставила на располагање свој факсимил, лични акредитации и корисничко име и лозинка за болничкиот систем за онколошки терапии, со што обезбедила административен пристап без соодветна контрола. За седум пациенти, рече таа, Пешевска дозволила финализирање на терапија од страна на Васев. Судот, додаде, ќе биде запознаен со детални медицински белешки и вештачења за секој поединечен случај.

— реклама —

ОЈО најави дека ќе презентира докази оти Васев, Црвенкова и Јакимовски во критичниот период сториле кривично дело несовесно лекување болни: преку низа поврзани дејствија, спротивно на стручните онколошки упатства и без документација, давале неподобни терапии, често и со неточни дози, кај пациенти кај кои тие биле не само неефективни туку и штетни. Биле користени и лекови од нови генерации кај болни во крајна состојба, кога поради кратко време за дејство и лоша општа состојба не можел да се очекува ефект, со што дополнително се влошувала нивната здравствена состојба. „Ќе бараме правдата да биде задоволена во име на пациентите, на лекувањето и на хуманоста,“ го заврши воведниот збор обвинителката.

Претходно, Кривичниот суд не го прифати спојувањето на двата предмета за Онкологија – првиот за несовесно лекување на пациенти и предметот за финансиски злоупотреби на клиниката. Во двата постапки првообвинет е Нино Васев – поранешен директор, а во еден од предметите е обвинет и организацискиот Нехат Нухи. Судот ги одби и приговорите на одбраната дека словенечкиот вештак немал соодветна лиценца, констатирајќи дека согласно договорите се е законски, па вештачењата можат да се ценат како докази.

Обвинетите се товарат за кривични дела „тешки дела против здравјето на луѓето“ и „несовесно лекување“. Според наводите, кај 29 пациенти биле применети неподобни терапии, со отстапувања во дозирањето и без соодветна проценка на состојбата.

Паралелно, против Васев и поранешниот економски директор е поднесено уште едно обвинение – за злоупотреба на службена положба и проневера, со наводно причинета штета на државниот буџет од над 2,2 милијарди денари.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-46-2790PM

Најдено решение за две од терапиите кои се потрошија на Онкологија, за други две ќе се чека завршување на тендер - нема рок кога ќе има и тумор маркери

Македонија | пред 5 дена

onkologija-4142

Пациентка со рак на дојка алармира: „Нема терапија, нема тумор маркери – кој си игра со нашите животи?“

Македонија | пред 6 дена

media-libraryrgji68prph4ac9IZZES

Пропадна обидот со 350.000 евра да добијат слобода, онкологот Васев и директорот остануваат во притвор

Македонија | пред 1 месец

media-libraryvguvavm0h61idIMe95y

Докторот Нино Васев ја оспорува стручноста и документацијата на словенечката вештачка, таа пак не ја оправдуав терапијата која е давана

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања