Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Поднесена кривична пријава против три лица за „разбојништво“ во обид

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-librarypinaq9vv1e5u3Ce2AG3

Инспектори од ЕВР-ОКР Кисела Вода поднесоа кривична пријава против И.Ш. (20), Х.С. (20) и А.Г. (19), сите државјани на Република Судан, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“ во обид, согласно член 237 во врска со член 19 од Кривичниот законик на РСМ, соопшти МВР.

— реклама —

Случајот беше пријавен на 19.02.2026 година и се случил на трим-патеката на улицата „11-ти Октомври“ во Скопје. Оштетениот М.Т. (27) од Скопје додека се движел со своето куче, бил пресретнат од три лица кои побарале пари од него. Откако одговорил дека нема, сторителите го пребарале по џебовите и физички го нападнале, нанесувајќи му видливи повреди, по што се оддалечиле во непознат правец.

— реклама —

По преземени мерки и активности, сторителите биле идентификувани и лишени од слобода. На 21.02.2026 година во просториите на Прифатен центар за странци, во присуство на јавен обвинител, оштетениот целосно ги препознал пријавените лица како сторители на кривичното дело.

— реклама —

Истиот ден, пријавените биле спроведени пред судија на претходна постапка во Основниот кривичен суд Скопје, кој им изрече мерка притвор во траење од 30 дена.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

falsifikt-evra

Лажни повици за „операции“: разбиена измамничка шема, жртви се повозрасни лица

Македонија | пред 7 часа

pari-evra-policija

На бизарен начин, велешанец остана без 4.000 евра

Македонија | пред 8 часа

media-librarysr1usvthm85l4RGDkwz

Напад врз полицаец во Шутка: Приведен скопјанец откако оштетил полициско возило

Македонија | пред 8 часа

media-library7mlppie6sdaa5jQszjZ

Насилен инцидент зад решетки: Осуденик повреден во Затвор Прилеп

Македонија | пред 11 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања