Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Поефтини месо и риба, овошје и вино - 60 компании и ветиле на Владата дека имаат пониски цени за граѓаните

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Screenshot-2024-12-05-at-12.24.23

После повеќе од еден месец консултации со бизнисот денеска ја објавивме „Новогодишната кошничка“ која што ја најавивме за граѓаните за време на новогодишните празници. Оваа “Новогодишна кошница“ е нешто многу поразлично од досегашните мерки кои се носеле со цел заштита на стандардот на граѓаните. Различна е по тоа што наместо ние како Министерство за економија и труд и Влада да носиме одлуки за замрзнување и ограничување на цени и маржи, и други непазарни решенија за да влијаеме на намалување на цените на основните прехранбени производи, во соработка со Стопанските комори со производителите, дистрибутерите и трговците денеска имаме „Новогодишна кошница“ која што произлегува токму од бизнисот“ кажа министерот Бесар Дурмиши на денешната презентација на „Новогодишната кошница„ во Владата со претседателот на Владата Христијан Мицкоски.

— реклама —

“Оваа иницијатива за “Новогодишната кошница“ беше покрената од производителите, дистрибутерите и трговците со прехранбени производи и алкохолни и безалкохолни производи кои се понудија да достават листа на нивни најпродавани производи за време на новогодишните празници кои ќе се продаваат на акција по пониски цени од 10% и повеќе. Новогодишната потрошувачка кошница е акциско намалување на цените на одделни прехранбени производи, алкохолни и безалкохолни пијалаци која ќе важи еден месец, односно во периодот од 15 декември 2024 година до 15 јануари 2025 година, во време кога се вклопуваат повеќе празници. Со акциското намалување на цените се опфатени основните прехранбени производи од различни групи на производи (леб и житарици, пекарски производи, месо и преработки од месо, риба, млеко и млечни производи, кондиторски производи, свежо, замрзнато и конзервирано овошје и зеленчук, безалкохолни (газирани и негазирани) напитоци, алкохолни пијалаци (вино и пиво) и др. Групите на производи се сублимира во Листа на прехранбени производи во опфат од над 675 производи, понудени од вкупно 60 компании и производители и дистрибутери“ кажа министерот Дурмиши и потенцираше дека производите на листата кои ќе бидат понудени на полиците во трговските ланци ќе бидат обележани со налепница и лого „Помалку трошоци, повеќе за тебе“.

— реклама —

“Со цел широка промоција на инцијативата ,,Новогодишна кошница,, за граѓаните да можат да се запознаат со производите кои се понудени во Листата од страна на производителите и дистрибутерите ќе постои посебна веб-страна „mojakosnica.mk,,. Листата на прехранбени производи не е конечна, таа може постојано да се надополнува со нови производи и нови компании пред да започне акцијата на ,,Новогодишна кошница,,, како и за време на траење на акцијата“ кажа министерот и додаде дека ова е една акција која произлегува токму од компаниите кои за време на новогодишните празници ја покажуваат својата општествена одговорност и на граѓаните ќе им понудат пониски производи.

— реклама —

“Со оглед на тоа што ова е акција која што произлегува од компаниите и не е владина одлука, не се предвидени казни, односно контролата дали се намалени цените како што самите производители и дистрибутери понудиле или не ќе ја вршат директно граѓаните. Државниот пазарен инспекторат ќе биде на терен да утврди дали се обележани сите производи кои се на листата со намалени цени согласно Законот за потрошувачи. Министерството за економија и труд континуирано работи на носење на мерки кои ќе значат помали трошоци на граѓаните и заштита на животниот стандард. Чест и задоволство ми е што за оваа акција имавме голем интерес од страна на голем број на производители и дистрибутери секако со поддршка на трговците. Се надевам дека во наредниот период бројот на производи на листата ќе се зголемува и сите заеднички ќе им излеземе во пресрет на граѓаните за време на новогодишните празници и ќе бидеме сите заедно и општествено одговорни кон граѓаните“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryu3ga0lfnq4cf3OW4Uvp

Мицкоски во Будимпешта на средба со Орбан, тема ќе биде економијата

Македонија | пред 18 часа

media-libraryskdbhqma00h0b5T86hS

Нема уставни измени без јасен крај, нема ниту марионети кои би ги нашле да го направат тоа, рече Мицкоски за Бугари во Устав

Македонија | пред 1 ден

media-library0av8mg16bvh6dVzxC7V

Нема да им се забрани на странците да точат евтино гориво во Македонија, рече Мицкоски, иако има наплив

Македонија | пред 1 седмица

market-pari

Поскапени се јајцата и маслото за јадење, кај другите производи нема значајни разлики, вели Мицкоски кој најави мерки ако бидат потребни

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања