Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Полицаец од Тетово фатен со изготвен лажен документ кој влијаел врз судска постапка!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 час -

Македонија
media-library6fi4qcitrub7briD3Ns

Одделот за внатрешна контрола при Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција против полициски службеник од СВР Тетово, осомничен за фалсификување службена исправа.

Како што информираат од МВР, пријавениот Д.М. во јуни 2019 година, постапувајќи по барање на адвокат од Тетово, изготвил службен спис за достапност на лице со невистинита содржина, без да изврши теренски проверки.

— реклама —

Според наводите, за да го озваничи документот, полицаецот го злоупотребил потписот на раководителот, внел несоодветен деловоднички број и го заверил со службен печат.

Фалсификуваниот документ потоа бил предаден на адвокатот спротивно на утврдените процедури за канцелариско и архивско работење.

— реклама —

„Списот бил употребен во судска постапка пред Основниот суд Тетово, каде бил евидентиран како доказ на штета на лице од Тетово“, соопштија од МВР.

Против пријавениот се води постапка за кривично дело „фалсификување службена исправа“ согласно член 361 од Кривичниот законик.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryufankrd0ebkreVllJME

МВР: Потврдите за платени казни од „Безбеден град“ повеќе не треба да се носат во полиција

Настани | пред 8 часа

— реклама —
media-library52ut6bais8dgdX4Quku

Шест возачи уапсени за безобѕирно возење без дозвола

Македонија | пред 9 часа

media-libraryj0h8k113kh8g7Qh36PC

МВР: Пет пријави за семејно насилство, четворица уапсени

Македонија | пред 10 часа

media-library7fq9g456k7fl60Baf8m

На аеродром Скопје уапсен гостиварец баран со меѓународна потерница

Македонија | пред 10 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања