Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Полицијата откри импровизирана лабораторија за марихуана во дом во Богородица: татко и син под истрага за марихуана

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
droga1

Основното јавно обвинителство Гевгелија поведе истражна постапка против две лица – татко и син од гевгелиското село Богородица, поради основано сомнение дека сториле кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, согласно член 215 став 1 од Кривичниот законик.

— реклама —

При претрес извршен со судска наредба на 17 декември во домот на осомничениот татко, биле пронајдени околу 150 грама марихуана во различни пакувања, семки од канабис, метални и пластични грендери, две дигитални ваги, три бонга, како и шатор опремен со електрична инсталација, светилки, ламби и уреди за мерење температура, кои служеле за претходно производство на марихуана.

— реклама —

Според Обвинителството, осомничениот син посредувал во купопродажбата на дрогата. Марихуаната што ја презел од неговиот татко со намера да ја препродаде, ја однел во куќата на неговиот дедо, каде што престојувал. Кога полициските службеници пристигнале да извршат претрес и на таа локација, тој ја заклучил влезната врата, дрогата ја фрлил во ВЦ-шолјата и пуштил вода, а се обидел да се ослободи и од дигитална вага со остатоци од наркотична дрога.

— реклама —

Поради постоење на околности кои укажуваат на опасност од бегство и можност за попречување на кривичната постапка преку влијание врз сведоци, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка во Гевгелија достави предлог за определување мерка куќен притвор, како и дополнителна мерка на претпазливост – привремено одземање на патните исправи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library66ntksuu8f0ccZNUhnh

Обвинителската служба доби колективен договор и најавено зголемување на платите

Македонија | пред 10 часа

media-librarygvjkn3rgmo1q7gRNdgY

Обвинителството: Нема застој во предметите за „Пулс“, ЗНМ да гарантираат воздржаност при јавно коментирање на вакви трагедии

Македонија | пред 1 ден

media-library6h6ho6cnbg5n1Nuyr4y

Трка за шеф на Вишото обвинителство и обвинители во ОЈО-ГОКК

Македонија | пред 3 дена

tepa-dete

Го тепал 10-годишниот син со боксови и клоци, па го фатил за коса и го кренал: Нов случај на семејно насилство во Охрид

Македонија | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања