Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Полицијата спречи самоубиство на малолетник, откако била детектирана објава на социјални мрежи, велат од МВР

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryoj0e0n8hasp6dG6Kzlq

Секторот за компјутерски криминал при МВР детектирал објава на социјална мрежа што укажувала на можна намера за самоубиство кај малолетник. Итно бил утврден идентитетот и локацијата, лицето било пронајдено безбедно, а родителите биле известени. МВР апелира до родителите за отворена комуникација и следење на онлајн-однесувањето, а до корисниците да пријавуваат загрижувачки објави и да известат возрасно лице или полиција. Навремената реакција може да спаси живот.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Секторот за компјутерски криминал при Министерство за внатрешни работи на Македонија информира дека во изминатото деноноќие, при редовните активности за следење на дигиталниот простор, била детектирана објава на социјална мрежа со содржина што укажувала на можна намера за самоубиство од страна на малолетен корисник.

Веднаш по добиените сознанија, институцијата постапила итно и координирано, при што биле преземени сите неопходни мерки за утврдување на идентитетот и локацијата на лицето. За кратко време малолетникот бил пронајден, извршен е разговор и било констатирано дека е безбеден и во добра состојба. За настанот биле известени и родителите, кои се запознаени со состојбата и понатамошните чекори.

— реклама —

Од Министерството посочуваат дека случајот уште еднаш ја нагласува важноста од внимателно следење на однесувањето на младите во дигиталниот простор. Апелираат до родителите да одржуваат редовна и отворена комуникација со своите деца, да покажуваат интерес за нивните активности на социјалните мрежи и навремено да реагираат при забележување повлеченост, вознемиреност или загрижувачки содржини.

Воедно, апел упатуваат и до пријателите, соучениците и сите корисници на социјалните мрежи, доколку забележат објави што упатуваат на самоповредување или безнадежност, веднаш да ги искористат механизмите за пријавување на самата платформа, а доколку им е познат идентитетот на лицето, да известат родител, старател, наставник, друго возрасно лице или најблиската полициска станица.

— реклама —

„Навремената реакција може да спаси човечки живот“, нагласуваат од Секторот за компјутерски криминал, додавајќи дека остануваат посветени на заштитата на граѓаните во дигиталниот простор и на рано откривање и превенција на ризични појави.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryufankrd0ebkreVllJME

МВР: Потврдите за платени казни од „Безбеден град“ повеќе не треба да се носат во полиција

Настани | пред 16 часа

— реклама —
media-library52ut6bais8dgdX4Quku

Шест возачи уапсени за безобѕирно возење без дозвола

Македонија | пред 17 часа

media-libraryj0h8k113kh8g7Qh36PC

МВР: Пет пријави за семејно насилство, четворица уапсени

Македонија | пред 17 часа

media-library7fq9g456k7fl60Baf8m

На аеродром Скопје уапсен гостиварец баран со меѓународна потерница

Македонија | пред 17 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања