Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Полицијата трага по снимки во Тафталиџе, сведочи Ванковска која напиша дека е во шок: Во што се претворивме?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Коментари
421942319_964070635076001_5149218793722083700_n

Професорката Билјана Ванковска се огласи на социјалните мрежи по трагичниот настан во скопската населба Тафталиџе, споделувајќи го својот шок и загриженост. Таа откри дека утрово кај неа дошле тројца претставници на МВР за да собираат информации и евентуални снимки од видео надзор, поврзани со вчерашниот инцидент.

— реклама —

Утрово на врата ми се појавија тројца претставници на МВР: прашуваа за евентуални снимки од видео надзор врз улицата, како што рекоа „заради вчерашниот настан“. Искрено, се стаписав: знаев на кој настан мислат, но не знаев дека бил толку блиску во моето соседство.

Работат на случајот, се обидуваат да најдат докази за оној што натера во смрт две невини души. А јас сум уште во благ шок од помислата дека се разминуваш на улица, можеби поздравуваш, одиш во иста продавница, а не знаеш што монструми (и жртви) среќаваш секојдневно.

Некако, секогаш мислиме, тоа на другите им се случува, подалеку од нас, но не е така... И за жал, ваквите случаи стануваат се' пожасни и почести.

Лесно е да кажеш, нека почиваат во мир. Но немирот не' јаде однатре. Во што се претворивме? Како некој што се бави со општествени науки, јас не верувам дека е проблемот во пореметени и насилни личности, туку во општество кое создава насилници и жртви. Тоа е тоа структурално насилство, напиша Ванковска.

— реклама —
— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library11tkb6jos84m4ifXFCb

Стојанче ја тепал Ивана и ја оставил на автопат, ја турнал по скали во Клиника, а Катја покажувала како мајка и се бранела - сведоштво во судница

Македонија | пред 2 часа

media-librarysologqplbu91b98np79

(Видео) Чаловска: Самоубиство поради семејно насилство се смета за фемицид

Македонија | пред 3 часа

media-library03c9p1489hrl4bvif63

(Видео) Обвинителката Бојчевиќ: Денешното признание на вина од страна на Стојанче воопшто не е признание

Настани | пред 4 часа

media-libraryr1elf3dkt0f9fPiMMT5

Мајката на Ивана сведочеше: Стојанче ја тепаше додека беше со дете во раце, Катја кажуваше „бабо, тато ја шутираше мама и ѝ викаше д*ољо“

Македонија | пред 9 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања