Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Полициска акција низ државата: Алкохол зад воланот, измерени и до 2,48 промили

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-librarytljvsfk8b6jm7xCIUCF

Од Министерство за внатрешни работи информираат дека во текот на ноќта меѓу 30 и 31 јануари, полициски службеници од повеќе сектори за внатрешни работи исклучиле од сообраќај четири возачи кои управувале возила под дејство на алкохол, при што еден од нив предизвикал и сообраќајна незгода.

— реклама —

На 31 јануари 2026 година, во 02:55 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Л.С. (52) од Охрид. Претходно, на пресекот на кејот „Македонија“ со улицата „Јане Сандански“, управувајќи патничко возило „нисан“ со охридски регистарски ознаки, тој удрил во патничко возило „голф“, исто така со охридски регистарски таблици, управувано од 22-годишно лице од Охрид. При преземањето мерки било утврдено дека Л.С. управувал под дејство на алкохол, при што му биле измерени 2,48 промили алкохол во крвта.

— реклама —

Неколку часа претходно, на 31 јануари 2026 година во 00:35 часот, на улицата „Гоце Делчев“ во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Б.П. (23) од Македонска Каменица. При сообраќајна контрола било сопрено патничко возило „ауди“ со регистарски ознаки од Македонска Каменица, при што било утврдено дека возачот управувал со 1,78 промили алкохол во крвта.

— реклама —

На 30 јануари 2026 година во 23:50 часот, на улицата „Алексо Демниевски“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода З.Ј. (45) од Велес. При контрола било сопрено патничко возило „хјундаи“ со велешки регистарски ознаки, а по алкотестирање кај возачот биле измерени 1,52 промили алкохол во крвта.

Истата ноќ, на 31 јануари 2026 година во 00:35 часот, на улицата „Гоце Делчев“ во Велес, полициските службеници го лишиле од слобода и П.Ј. (54) од Велес, кој управувал патничко возило „форд“ со велешки регистарски ознаки. Кај него биле констатирани 1,90 промили алкохол во крвта.

Од МВР соопштуваат дека по целосно документирање на настаните, против сите четири лица ќе бидат поднесени соодветни пријави по член 297-а од Кривичниот законик за кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Google-Maps-Street-View-two-women-fighting-Russia-1382501

Уапсена Германка во Гостивар, осомничена за тепачка лани во декември

Македонија | пред 5 минути

media-libraryldtg3q5cfvbs2nicno6

73-годишен маж пронајден починат во куќа во Гостивар

Македонија | пред 7 минути

pari

Давала пари на заем со висока камата и упатувала закани – пријава против 53-годишна струмичанка

Македонија | пред 2 часа

media-libraryomc4t647a96a6f5VAWv

Жена уценувала газда во Куманово: „Врати ме на работа или ќе објавам фотографии“

Македонија | пред 2 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања