Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Полициска акција против мрежа за трговија со дрога во Скопје – претреси во Ѓорче, Хром и Нерези

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Скопје
media-library7qgcqdanepmkf3p7SOB
Скопје1.мк

Неофицијално, во тек е голема полициска акција на територијата на Скопје, насочена кон разбивање на организирана мрежа за трговија со дрога, дознава „Скопје1“.

— реклама —

Според информации од извори блиски до истрагата, инспектори од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при БЈБ – МВР извршиле упади на повеќе локации во населбите Ѓорче Петров, Хром и Нерези, со цел апсење на лица осомничени за продажба и дистрибуција на кокаин.

— реклама —

Првичните сознанија укажуваат дека се работи за нова група која делувала во поширокото подрачје на главниот град, со воспоставена структура за снабдување и препродажба на наркотици.

— реклама —

Од Министерството за внатрешни работи потврдија дека акцијата е во тек и се спроведува во координација со обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК).

„Во координација со предметниот обвинител, единици од МВР вршат претреси на повеќе локации низ Скопје. Со оглед дека акцијата сè уште трае, повеќе информации ќе бидат споделени во текот на утрешниот ден,“ соопштија од МВР.

Според засега непотврдени информации, приведени се неколку лица, а од локациите биле запленети и помали количини наркотични супстанции, мобилни телефони и пари.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarypou2rd2qm2tv74ME7sP

Денес во Скопје: Посебен сообраќаен режим поради посетата на Милатовиќ

Скопје | пред 31 минута

falsifikt-evra

Лажни повици за „операции“: разбиена измамничка шема, жртви се повозрасни лица

Македонија | пред 16 часа

pari-evra-policija

На бизарен начин, велешанец остана без 4.000 евра

Македонија | пред 17 часа

media-librarysr1usvthm85l4RGDkwz

Напад врз полицаец во Шутка: Приведен скопјанец откако оштетил полициско возило

Македонија | пред 17 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања