Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Полска и Шведска најавија употреба на сила против руски летала

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
media-libraryoebp5fhvmggv6zBjIQZ

Полска ќе соборува сè што ќе го наруши нејзиниот воздушен простор, порача полскиот премиер Доналд Туск, додека шведскиот министер за одбрана Пал Јонсон изјави дека и Шведска ќе употреби сила доколку биде потребно. Овие остри предупредувања доаѓаат поради сè почестите повреди на воздушниот простор на земјите-членки на НАТО од страна на Русија.

Минатиот петок, три руски борбени авиони „Миг-31“ влегоа во естонскиот воздушен простор и таму останаа најмалку дванаесет минути. Неколку дена претходно, Полска и Романија исто така мораа да реагираат на руски дронови кои се приближуваа кон нивната територија.

— реклама —

„Ќе ги собориме сите летала што ќе го нарушат нашиот териториј и ќе прелетаат над Полска. За тоа нема апсолутно никаква дилема“, изјави Туск, но предупреди дека ваквите чекори секогаш носат ризик од ескалација на конфликтот.

Тој додаде дека е клучно сите членки на НАТО да постапуваат идентично за да се избегне недоразбирање или раздор меѓу сојузниците.

— реклама —

На ситуацијата реагираше и британската министерка за надворешни работи Јвет Купер, која истакна дека Обединетото Кралство и НАТО се подготвени за директна воена конфронтација доколку руските авиони или дронови навлезат во воздушниот простор на алијансата.

Сличен став има и Шведска.

„Ниту една држава нема право да го нарушува шведскиот воздушен простор. Шведска има право да го брани, со сила ако е потребно, и тоа и ќе го направи“, изјави министерот за одбрана Пал Јонсон, кој потврди дека вооружените сили имаат јасни упатства за вакви ситуации.

Со ова се согласи и поранешната премиерка и лидерка на социјалдемократите Магдалена Андерсон, која порача дека НАТО мора да биде подготвен да го брани секој сантиметар од територијата на своите членки.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

zaharova-51320-

Захарова го критикуваше Нетанјаху: „Споредбата на Иран со Холокаустот е опасна“

Свет | пред 9 часа

— реклама —
media-libraryf80tj7ah7kaufWqMifA

Путин: „Победата е наша“

Свет | пред 1 ден

nafta

Русија го запира извозот на казахстанска нафта кон Германија

Свет | пред 1 ден

kremlj

Руската Федерална служба за безбедност спречи терористички план: Германска државјанка планирал напад

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања