Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Пожарникарите и натаму на терен по пожарот во Нови Пазар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-librarytcdogk8io79cfk9mYlM

Пожарот што вчера изби во магацините на компанија за производство на текстил и во деловен објект во Нови Пазар е локализиран, но пожарникарските екипи и натаму остануваат на терен сѐ додека огнот целосно не биде изгаснат.

— реклама —

Началникот на Одделението за вонредни состојби во Нови Пазар, Дарко Белиќ, изјави дека гаснењето ќе продолжи до целосна ликвидација на пожарот, по што ќе следи увид за да се утврдат причините за неговото избувнување. Увидот, како што посочи, се очекува да биде извршен во текот на денот или најдоцна утре.

— реклама —

Тој објасни дека во магацините се наоѓале репроматеријали и тексас, кои поради својата структура бараат подолг и посложен процес на гаснење. Пожарнкарите, нагласи Белиќ, ќе останат присутни сѐ додека не исчезне и последниот пламен и трага од чад.

— реклама —

Во интервенцијата, покрај екипите од Нови Пазар, учествувале и пожарникари од Рашка, Тутин, Сјеница, Ивањица, Краљево, Крагуевац и Чачак, на кои им беше упатена благодарност за укажаната помош.

Пожарот изби околу 1:50 часот по полноќ, во ноќта меѓу петок и сабота, на улицата „Димитрије Туцовиќ“, при што биле зафатени повеќе поврзани објекти во индустриската зона. Според неофицијални информации, огнот зафатил повеќе од 2.500 квадратни метри магацински и производствени простории.

Повредени лица нема, а причините за пожарот ќе бидат познати по завршувањето на истрагата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2023-09-28-at-23.51.03

Вучиќ: Разговарав со Путин, добивме поевтин гас и го информирав за „сојузот меѓу Загреб, Приштина и Тирана“

Свет | пред 10 часа

media-librarytdjc4885eie333kQMVZ

Вучиќ прогласи победа „10-0“: СНС освои во сите општини

Свет | пред 16 часа

media-library4dngb41tvd1q3Cw2dvI

Инциденти и обвинувања на изборите во Србија: Две различни слики од теренот

Свет | пред 1 ден

vucic-brnabic

Брнабиќ ја обвини опозицијата: „Не бараат избори за демократија, туку за конфликти“

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања