Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Познато кој е најкрадениот автомобил во Британија: таму се краде автомобил на секои десет години

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
policija-krazba

Во текот на 2025 година во Велика Британија биле пријавени вкупно 54.830 кражби на возила, што претставува намалување од 11 отсто во споредба со претходната година, покажуваат податоците што ги објави специјализираниот портал „Вот Кар?“.

Просечно, во земјата се крадат околу 150 возила дневно, односно едно на секои десет минути. И покрај падот на вкупната бројка, одредени модели остануваат особено атрактивни за крадците.

— реклама —

На врвот на листата најчесто крадени автомобили убедливо се наоѓа Ford Fiesta, од која во 2025 година биле украдени 3.511 примероци. Овој модел со години важи за еден од најпопуларните во Велика Британија, што делумно ја објаснува и неговата висока застапеност во статистиката на кражби.

На второто место е Volkswagen Golf со 1.625 кражби, додека трет е Ford Focus со 1.474 украдени возила. Во првите десет се вклучени и Toyota RAV4 - 1.319 кражби BMW 3 Series - 1.249 кражби Nissan Juke - 1.200 кражби Toyota C-HR - 967 кражби Lexus NX - 951 кражби Range Rover Evoque - 895 кражби Vauxhall Corsa - 874 кражби.

— реклама —

Кога станува збор за производители со најмногу модели во првите десет, доминираат Тојота и нејзиниот сестрински бренд Лексус, со вкупно три претставници на листата.

Иако бројот на кражби е во опаѓање, статистиката покажува дека популарните и широко распространети модели остануваат најчеста цел, што отвора прашања за дополнително унапредување на системите за заштита и безбедност на возилата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryra9t269skkqgeYeqJNm

Рецесија на повидок: 250.000 Британци може да останат без работа

Свет | пред 2 дена

— реклама —
media-libraryr08d1ofls4248G8ipwP

Лондон: Уапсени двајца за обид за палење синагога, истрага за можна странска вмешаност

Свет | пред 3 дена

media-libraryi91keohlc27f4eYlASh

Жена пронашла торба со оружје на улица во Лондон - ја изгубиле полицајци

Свет | пред 2 седмици

se-za-ljubovta-na-princot-hari-i-megan-markl-293839

Принцот Хари чека покана од кралот Чарлс: Ќе има ли помирување ова лето?

Магазин | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања