Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Жена пронашла торба со оружје на улица во Лондон - ја изгубиле полицајци

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Свет
media-libraryi91keohlc27f4eYlASh
фото: unsplash

Наоружани полицајци кои го чуваат лондонскиот градоначалник Садик Кан заборавиле торба со оружје пред неговата куќа, на што укажала минувачка, пренесуваат медиумите.

Градежникот Џордан Грифитс изјавил за The Sun дека неговата девојка ја пронашла торбата на улица во јужен Лондон во вторник навечер.

— реклама —

Во торбата имало полуавтоматска карабина Heckler & Koch MP5, пиштол Glock, електрошокер и муниција, јавиле весниците.

„Не можев да верувам на своите очи“, изјавил Грифитс за The Sun.

— реклама —

Работникот повикал полиција и им кажал што пронашол, по што за неколку минути дошле по оружјето.

„Му беше кажано дека торбата ја оставил еден од службениците на полицијата за безбедност на Садик Кан, што има смисла бидејќи тој тука живее.“

Полицијата ги потврди неговите наводи и дека оружјето е нивно.

„Се верува дека торбата ја изгубиле дежурните полицајци непосредно пред минувачката да ја пронајде“, соопштија од Метрополитенската полиција.

„Ова е многу сериозен инцидент и е пријавен кај Управата за професионални стандарди на Метрополитенската полиција. Сега мора да се преземат сите мерки за да се обезбеди ваков инцидент повеќе никогаш да не се повтори“, осуди портпаролот на градоначалникот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryra9t269skkqgeYeqJNm

Рецесија на повидок: 250.000 Британци може да останат без работа

Свет | пред 2 дена

— реклама —
media-libraryr08d1ofls4248G8ipwP

Лондон: Уапсени двајца за обид за палење синагога, истрага за можна странска вмешаност

Свет | пред 2 дена

se-za-ljubovta-na-princot-hari-i-megan-markl-293839

Принцот Хари чека покана од кралот Чарлс: Ќе има ли помирување ова лето?

Магазин | пред 3 седмици

pozarna-london-britanija

Автомобил прегази пешаци во центарот на англискиот град Дерби – повеќе повредени

Свет | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања