Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Пратеничка на СДСМ се пожали: ДПМНЕ блокира грант од 14 милиони евра, ја кочи реализацијата на експресниот пат Ранковце-Крива Паланка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
Screenshot-2024-02-26-at-13.16.41

„Пратениците од опозициската ДПМНЕ блокираат закони кои се од интерес на граѓаните и го кочат развојот на земјата“, вели Лидија Тасевска, пратеничка на СДСМ и додава:

„Претседателот на Комисијата за финансирање и буџет Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ не го става на дневен ред на комисија Предлог на законот за гаранција по Договорот за заем за дополнително финансирање на проектот за надградба и развој на патишта.

— реклама —

Овој Закон е поднесен до Собранието уште во декември со изгласана потребата од негово носење.

ДПМНЕ на овој начин ја кочи реализацијата на експресниот пат Ранковце-Крива Паланка кој претставува значаен капитален проект за североистокот и за целата држава во целост.

— реклама —

ДПМНЕ бојкотираат грант во висина од 14 милиони евра обезбедени со овој пакет од Светска Банка, средства кои треба да се искористат за довршување на патот.

Изградбата на патот во предвидените рокови е од исклучителна важност за развој на регионот, развој на транспортот и поврзувањата кон Европа и светот и ја претставува главната артерија на извозот на домашното производство.

ВМРО-ДПМНЕ во отсуство на конкретна понуда за програмски развој на државата се служи само со блокади.

Свесни за фактот дека сите процедури за добивањето на заемот се поминати во рамки на организациските тела на Светска Банка повторно се служат со неприфатливи алатки кои носат штета на економијата и државата.

Законот навремено е доставен во собранието, но истиот свесно и испланирано не се наоѓа на дневниот ред на Комисијата за финансирање и буџет.

Со неносењето на овој закон се прави штета по буџетот на државата која ќе падне на грбот на граѓаните и даночните обврзници кои ќе мора да плаќаат пенали поради неисполнување на обврските од договрот со Светска Банка.

Јавно го повикувамe Претседателот на комисијата за финансирање и буџет во рамки на Собранието ургентно, уште денес да ја свика комисијата и да го разгледа предлог законот за истиот што поскоро да биде изгласан од страна на пратениците во Парламентот во интерес на граѓаните и државата“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library1g39r2uj0nr87gNlSrN

Филипче: Системот е заробен, државата не е зрела да се укине техничка влада

Македонија | пред 17 часа

— реклама —
media-librarybg2m2d9uoo61cgSXoK6

Тренчевска: Законите за минерални суровини да се повлечат, директно го загрозуваат здравјето на граѓаните

Македонија | пред 17 часа

media-libraryar8of96ps6g69CAcNWc

Од погреб прават „таен состанок“, нема средба со Ружиќ, Димитријевиќ бил на погреб, велат од СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 21 час

media-librarysflnbqcge91a9i6MjJM

СДСМ со соопштение за нивниот градоначалник во Крива Паланка: Не може да се договарате со Мицкоски, распишете референдум

Македонија | пред 22 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања