Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Празнувањето на Свети Сава 18 години во Македонија значи меѓусебно почитување и доверба, добра соработка и негување на односите помеѓу српскиот и македонскиот народ, вели Мицкоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
07012025-Mickoski

„Дозволете ми од мое лично име и од името на Владата на сите припадници од српската заедница кои живеат во државата да Ви го честитам празникот Свети Сава и Ви посакам многу здравје, среќа, бериќет и духовен мир“, вели премиерот Христијан Мицкоски и додава:

— реклама —

Празникот Свети Сава се празнува 18 години во Македонија, откако со измените на законот за празници на 8 февруари 2007 година е прогласен за национален празник на Србите во Македонија.

— реклама —

И ова го покажува меѓусебното почитување и доверба, како и добрата соработка и негување на односите помеѓу српскиот и македонскиот народ.

— реклама —

Вашиот придонес во општествениот и јавен живот покажува дека заедно, обединети, во заедништво и преку почитување на различностите, културите и традициите можеме да ја трансформираме Македонија напред, а за граѓаните обезбедиме подобра и посигурна иднина.

Македонија мора да се гради и да има економски напредок, а тоа го можеме само доколку сме сплотени.

Затоа цврсто сум убеден дека градењето на соживот, толеранција и пријателство ќе биде еден од вредностите кои ќе бидат нашата водилка за остварување на нашите цели.

Почитувани пријатели од српскатa заедница, Ви посакувам убав празничен ден исполнет со радост.

Нека е честит големиот празник Свети Сава!“

Со почит,

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library7gv0rr7kvesd7n3EQa3

„Партнерството со Унгарија не е формално, туку суштинско и засновано на доверба“, вели Мицкоски

Македонија | пред 4 часа

media-libraryrqak3isi1bg78Y3lWSn

Средба Мицкоски – Орбан: Фокус на економијата и инвестициите

Македонија | пред 8 часа

media-libraryu3ga0lfnq4cf3OW4Uvp

Мицкоски во Будимпешта: Средба со Орбан и бизнис форум за економска соработка

Македонија | пред 15 часа

media-library4ku6rcutg7f3atknCUL

Мицкоски од Охрид: Започна реконструкцијата и модернизација на аеродромот „Св. Апостол Павле“

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања