Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Пребрзо возење – причина за несреќата кај Сремска Митровица во која загинаа три лица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
rabotnik-k-mitrovica

Полицијата се сомнева дека пребрзото возење е причина за тешката сообраќајна несреќа што се случи во петокот попладне на патот Сремска Митровица – Јарак, во која загинаа три лица, а околу 80 беа повредени.

— реклама —

Потполковникот Дејан Стевиќ од Управата за сообраќајна полиција потврди дека полицијата ги утврдила сите потребни факти за понатамошниот тек на истрагата, која ја води обвинителството.

— реклама —

„Притворот на возачот истекува денес и тој ќе биде изведен пред обвинителот. Претпоставуваме дека неговиот притвор ќе биде продолжен“, изјави Стевиќ.

— реклама —

Полицијата на тахографот на автобусот регистрирала брзина од 120 километри на час, што, според Стевиќ, е „неверојатно за толку големо возило кое превезувало 83 патници“.

„Голема неодговорност во овој момент. Сообраќајните знаци предупредуваат на двојна, опасна кривина, а физиката едноставно не можеше да го одржи возилото на патот со таа брзина“, рече тој.

Стевиќ нагласи дека делницата е целосно реконструирана и отворена пред еден месец, а сигнализацијата е во целосна функција.

„Асфалтот е нов, а знаците се јасно поставени. На овој дел од патот, откако повторно е пуштен во сообраќај, имаме евидентирано над 60 прекршоци за несоодветна брзина“, додаде тој.

Според информациите, вoнреден технички преглед на автобусот бил извршен на 15 септември 2025 година, додека возачот последен пат бил на лекарски преглед кон крајот на 2024 година.

Несреќата се случила околу 14:45 часот, кога автобусот што превезувал работници од приватна компанија излетал од патот и се превртел.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2023-09-28-at-23.51.03

Вучиќ: Разговарав со Путин, добивме поевтин гас и го информирав за „сојузот меѓу Загреб, Приштина и Тирана“

Свет | пред 12 часа

media-librarytdjc4885eie333kQMVZ

Вучиќ прогласи победа „10-0“: СНС освои во сите општини

Свет | пред 18 часа

media-library4dngb41tvd1q3Cw2dvI

Инциденти и обвинувања на изборите во Србија: Две различни слики од теренот

Свет | пред 1 ден

vucic-brnabic

Брнабиќ ја обвини опозицијата: „Не бараат избори за демократија, туку за конфликти“

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања