И покрај засилените подготовки во Исламабад, сè помали се шансите дека новата рунда мировни преговори ќе се одржи во текот на оваа недела.
Според информации од пакистанската престолнина, организациските активности и натаму се во тек, но оптимизмот значително опаднал. Во градот и понатаму се на сила засилени безбедносни мерки, со затворени делови за сообраќај и поставени бројни контролни пунктови.
Иако формално подготовките не се откажани, сигналите од терен укажуваат дека договор за одржување на средбата сè уште нема, а изгледите за брз напредок во разговорите дополнително бледнеат.