Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Претседателката Сиљановска Давкова го прими литванскиот диригент и виолинист Џулијан Рахлин кој ќе настапи на отворањето на „Охридско лето“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
IMG_4995

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, денеска во Вила Билјана во Охрид, го прими раководството на македонската меѓународна музичко-сценска манифестација „Охридско Лето“ и литванскиот диригент и виолинист Џулијан Рахлин кој ќе настапи на вечерашното свечено отворање на 64. издание.

— реклама —

Посакувајќи му добредојде и успешен настап на реномираниот уметник од Литванија, претседателката Сиљановска Давкова беше запознаена со импозантната и долгогодишна меѓународна музичка кариера на Рахлин и изрази задоволство што врвен и баран уметник на сите светски меридијани ќе настапи заедно со оркестарот на македонската филхармонија на свеченото отворање на оваа наша значајна музичка манифестација.

— реклама —

Претседателката изрази очекување дека со својот перформанс уметниците ќе остават посебен белег и силен впечаток на годинашното издание на „Охридско лето“. Таа изрази уверување дека богатиот уметнички репертоар на претстојните фестивалските вечери ќе ги задоволи музичките апетити на домашната и на меѓународната публика.

— реклама —

На средбата, на која што присуствуваа директорката Наташа Поповиќ и селекторките Бисера Чадловска и Сања Арсовска, претседателката Сиљановска Давкова истакна дека „Охридско лето“ како еден од најпрепознатливите и најквалитетни културни настани во поширокиот регион, има сериозен влог во македонската култура и меѓународната афирмација на земјава.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library2lc5783s4rig05MHgus

„Договорот со Бугарија не предвидува промена на Уставот“, Сиљановска одржа предавање во Загреб за парадоксите на македонските евроинтеграции

Македонија | пред 5 дена

siljanovska-davkova-2-1

Сиљановска-Давкова ќе одржи предавање на Правниот факултет во Загреб

Македонија | пред 5 дена

media-library87c4s8g48hp14sCfJJq

Сиљановска по средбата со Милановиќ: Евроинтеграциите мора да се базираат на заслуги, не на идентитетски прашања

Македонија | пред 6 дена

media-librarybvaomv9f4c88466Cos4

Сиљановска-Давкова на средба австриските амбасадори од регионот на ЈИЕ

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања