Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Претседателката Сиљановска Давкова на првиот училишен ден во „Јан Амос Коменски“ во Карпош

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
IMG_6402

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска, по повод започнувањето на новата учебна година, присуствуваше на првиот училишен ден во ООУ „Јан Амос Коменски“ во општина Карпош во Скопје. На свеченоста присуствуваше и градоначалникот на општинaта Стефчо Јакимовски.

— реклама —

Претседателката Сиљановска Давкова на свеченоста ги поздрави првачињата посакувајќи им успех во потрагата по нови знаења.

— реклама —

„Бидете сигурни дека нема поважно нешто од знаењето, да учите да пишувате, да учите да пеете, бидејќи само тоа никој во животот не може да ви го земе“, порача претседателката Сиљановска Давкова.

— реклама —

Споделувајќи дел од нејзиното искуство како ученик, претседателката истакна дека пред шеесет години како четвртоодделенец, таа била во првата генерација во ова училиште и завршила како првенка, посочувајќи дека „Јан Амос Коменски“ било едно од најдобрите училишта не само во Републиката, туку и во Југославија.

„Вреди да се учи, така велеше и чуениот педагог Јан Амос Коменски, вреди да се знае, не за да ги направите среќни вашите родители, роднини, баби и дедовци, туку за да знаете, дека со знаењето станувате секогаш потолерантни, подобри луѓе, бидејќи тој кој знае - ќе знае да се снајде и во животот“, посочи претседателката во поздравното обраќање.

Првачињата на првиот училишен ден беа пречекани со пригодна приредба подготвена од учениците од петто одделение. Годинава во ООУ „Јан Амос Коменски“ се запишани 110 првачиња кои ќе посетуваат настава во 4 паралелки.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library2lc5783s4rig05MHgus

„Договорот со Бугарија не предвидува промена на Уставот“, Сиљановска одржа предавање во Загреб за парадоксите на македонските евроинтеграции

Македонија | пред 5 дена

siljanovska-davkova-2-1

Сиљановска-Давкова ќе одржи предавање на Правниот факултет во Загреб

Македонија | пред 5 дена

media-library87c4s8g48hp14sCfJJq

Сиљановска по средбата со Милановиќ: Евроинтеграциите мора да се базираат на заслуги, не на идентитетски прашања

Македонија | пред 6 дена

media-librarybvaomv9f4c88466Cos4

Сиљановска-Давкова на средба австриските амбасадори од регионот на ЈИЕ

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања