Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Претседателката Сиљановска Давкова прими делегација од „Рамбл“, „Кантор Фицџералд“ и Трамп корпорација за медиуми и технологија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Foto-3

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска прими делегација предводена од Крис Павловски, основач и извршен директор на меѓународната компанија „Рамбл“, од Хауард Лутник, основач и извршен директор на американската финансиска корпорација „Кантор Фицџералд“ и од Девин Нунес, поранешен конгресмен на Калифорнија и извршен директор на Трамп корпорација за медиуми и технологија.

— реклама —

На средбата, претседателката беше информирана за потенцијалните можности за соработка со македонските институции, во контекст на претстојниот процес на дигитална трансформација на македонското општество и спроведување на дигиталните реформи.

— реклама —

Во таа насока, таа ги поздрави иницијативите за економска соработка и размена на експертско и корпоративно искуство со овие успешни компании и изрази благодарност за поддршката од македонската дијаспора за отворање нови можности и привлекување на странски инвестиции во земјава.

— реклама —

Претседателката Сиљановска Давкова порача дека дигитализацијата е неопходна за брз економски раст и напредок и има позитивен ефект не само во функционирањето на државата, туку за сите општествени и развојни процеси, вклучително и во процесот на македонските евроинтеграции, како клучна област.

На средбата беше истакнато дека реформите во дигиталниот сектор треба да бидат во функција на подобрување на квалитетот на животот на граѓаните и сервис прилагоден на нивните реални потреби.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library2lc5783s4rig05MHgus

„Договорот со Бугарија не предвидува промена на Уставот“, Сиљановска одржа предавање во Загреб за парадоксите на македонските евроинтеграции

Македонија | пред 5 дена

siljanovska-davkova-2-1

Сиљановска-Давкова ќе одржи предавање на Правниот факултет во Загреб

Македонија | пред 5 дена

media-library87c4s8g48hp14sCfJJq

Сиљановска по средбата со Милановиќ: Евроинтеграциите мора да се базираат на заслуги, не на идентитетски прашања

Македонија | пред 6 дена

media-librarybvaomv9f4c88466Cos4

Сиљановска-Давкова на средба австриските амбасадори од регионот на ЈИЕ

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања