Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Претседателката Сиљановска Давкова прими ученици-добитници на меѓународни награди и признанија во текот на 2024 година

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
IMG_6590

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска прими ученици-добитници на меѓународни награди и признанија во текот на 2024 година и нивните ментори.

— реклама —

Учениците се дел од Сојузот на математичарите на Македонија, Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија, Македонското географско друштво, Здружението на информатичарите на Македонија, Друштвотото на физичари на Македонија, Македонското биолошко друштво, како и ученици, таленти кои индивидуално учествувале на меѓународни натпревари и постигнале успех.

— реклама —

На приемот, на кој присуствуваше и министерката за образование и наука, Весна Јаневска, претседателката Сиљановска Давкова упати честитки за постигнатите резултати, и посочи на потребата за изнаоѓање на трајно системско решение за соодветна поддршка на нашите најуспешни и најталентирани ученици и нивните учества на меѓународни натпреварувања. Порача дека политиките, особено образовната политика, треба да бидат соодветни и сообразени со потребите и интересите на оние кои се највредни, оние кои се најперспективни.

— реклама —

„Нема поголема обврска за оваа држава, и тоа постојано го повторувам, вистинските луѓе, најдобрите, да добијат највисока и најдобра поддршка, и гаранција која сум ја видела по светот, кога во гимназиските денови или на факултет се бомбардираа учениците и нивните ментори со понуди за интервјуа, за разговори, и од сите министерства им нудат ангажман, работно место, алумни систем, во постојан контакт сте. Мислам дека дојде времето и ние не смееме да си заминеме од нашите функции без да решиме или да ставиме еден камен во тој мозаик кој што ќе треба да ги реши проблемите на сите вас“, рече претседателката Сиљановска Давкова.

Учесниците на приемот беа дел од 65. Интернационалната математичка олимпијада во Англија, Олимпијада по математика „Коперникус“ на Универзитетот Колумбија во Њујорк, 35. Меѓународна олимпијада по биологија во Астана, Казахстан, 8. Европска олимпијада по физика во Кутаиси, Грузија, 54. Меѓународна олимпијада по физика во Исфахан, Иран, 56. Меѓународна олимпијада по хемија во Ријад, Саудиска Арабија, 7. Меѓународна економска олимпијада, во Хонг Конг, Меѓународната олимпијада по германски јазик, Меѓународна олимпијада по англиски јазик, Европската олимпијада по информатика за девојки во Велдховен, Холандија, Европската јуниорска олимпијада по информатика во Молдавија, Светскиот натпревар „Мајкрософт Офис Специјалист 2024“ во Лос Анџелес, САД и други врвни натпревари.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library2lc5783s4rig05MHgus

„Договорот со Бугарија не предвидува промена на Уставот“, Сиљановска одржа предавање во Загреб за парадоксите на македонските евроинтеграции

Македонија | пред 5 дена

siljanovska-davkova-2-1

Сиљановска-Давкова ќе одржи предавање на Правниот факултет во Загреб

Македонија | пред 5 дена

media-library87c4s8g48hp14sCfJJq

Сиљановска по средбата со Милановиќ: Евроинтеграциите мора да се базираат на заслуги, не на идентитетски прашања

Македонија | пред 6 дена

media-librarybvaomv9f4c88466Cos4

Сиљановска-Давкова на средба австриските амбасадори од регионот на ЈИЕ

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања