Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Претседателката Сиљановска Давкова се обрати на настанот „Европската унија како предизвик и предизвиците на ЕУ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
IMG_4323

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова се обрати на настанот „Европската Унија како предизвик и предизвиците на ЕУ: Европа 74 години од Шумановата декларација“ што во организација на Европското движење во Република Северна Македонија и претставништвото на Фондацијата Конрад Аденауер во Скопје, се одржа денеска, а по повод 9 Мај – Денот на Европа.

— реклама —

Претседателката Сиљановска Давкова во своето обраќање нагласи дека ние отсекогаш, историски, географски и културно сме биле дел од Европа и дека не зборуваме за евроинтеграција, туку за реунификација, посочувајќи дека втемелувачите на Европската Унија биле вистински државници, водени од мировната идеја и кои верувале во мировните решенија.

— реклама —

„За нас веќе реков дека се перцепираме како Европјани, а логично е ако се перцепирате како Европјани да бидете и третирани како Европјани. Третманот го гледам пред се низ призма, не на ЕУ реториката, туку на ЕУ логиката, во смисла на владеење на правото, компетитивна економија, независно судство, стручна и компетентна администрација, демократска политичка култура, нешто што обединува“, рече претседателката Сиљановска Давкова.

— реклама —

Претседателката истакна дека скрининг процесот покажа дека во поглед на хармонизацијата ние сме во врвот на Западниот Балкан, но имплементацијата останува наш важен предизвик.

„Ние мораме да тргнеме со суштински и сериозни реформи, излез немаме бидејќи не е само сега критериум хомогенизацијата, хармонизацијата, туку и имплементацијата. Мислам дека треба и ЕУ соодветно да одговори, затоа што ако сте кандидат од 2005 година, а денеска е 2024, се плашам дека некогаш тоа чекање личи на она на господинот Годо, а не сакам да верувам во такво нешто. Јас знам дека ние бевме перцепирани и сеуште сме како ахилова пета, но мислам дека и за тоа има решенија и е потребен соодветен одговор“, истакна во обраќањето претседателката Сиљановска Давкова.

Таа изрази очекување од новите власти во Собранието да сфатат дека Лисабонскиот договор е договор за парламентите, дека Парламентот мора да се отвори во евроинтеграцискиот процес и дека евроинтеграцијата не може да биде само работа на Владата.

„Сугерирав и сè уште сугерирам меѓу преговарачите да има и експерти, а не само политичари за да создадеме институционална меморија. Каде е континуитетот ако двајцата преговарачи беа политичари?“, запраша во обраќањето претседателката.

Претседателката Сиљановска Давкова посочи дека мора да се активира Националниот совет за евроинтеграции, како обединувачко хетерогено тело, а на Комисијата за европски прашања да бидат поканети и претставници на Европската комисија.

Таа изрази очекување дека ЕУ нема да заборави на логиката и филозофијата на проширувањето, оти тоа докажува дека е незаменлива, а таквата кондиција создава, кај сите нас кои чекаме на ред за да влеземе во Европската Унија, исто така, демократска кондиција.

Претседателката порача дека регионално треба да резонираме, регионално да соработуваме и регионално да се поддржуваме едни со други, по примерот на скандинавските земји, додавајќи дека ветото не е европски и мировен инструмент, иако е некогаш силно оружје на малите држави. Таа нагласи дека на патот кон ЕУ, со помош на оние коишто се внатре, треба да зачекориме заедно и да се поддржуваме едни со други.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library2lc5783s4rig05MHgus

„Договорот со Бугарија не предвидува промена на Уставот“, Сиљановска одржа предавање во Загреб за парадоксите на македонските евроинтеграции

Македонија | пред 5 дена

siljanovska-davkova-2-1

Сиљановска-Давкова ќе одржи предавање на Правниот факултет во Загреб

Македонија | пред 5 дена

media-library87c4s8g48hp14sCfJJq

Сиљановска по средбата со Милановиќ: Евроинтеграциите мора да се базираат на заслуги, не на идентитетски прашања

Македонија | пред 6 дена

media-librarybvaomv9f4c88466Cos4

Сиљановска-Давкова на средба австриските амбасадори од регионот на ЈИЕ

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања