Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Претседателката Сиљановска Давкова во посета на Црвениот крст

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
IMG_5202

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, денеска, по повод 26 јули - денот на солидарноста и сеќавањата од катастрофалниот земјотрес во Скопје во 1963 година, престојуваше во посета на Црвениот крст на Република Северна Македонија.

— реклама —

За време на посетата претседателката Сиљановска Давкова присуствуваше на презентација - Активностите на Црвениот крст за време на земјотресот во Скопје 1963 и одржа средба со волонтери и раководството на оваа хуманитарна организација. Преку видео врска проследи дел од нивните активности во Центарот за дарување крв, Центарот за ментално здравје и психо-социјална поддршка и во Нега центарот.

— реклама —

Раководството на Црвениот крст ја информираше претседателката за капацитетите на организацијата, за растечката тенденција на волонтерските активности, како и за иницијативите и посветеноста во промовирањето на солидарноста и хуманитарното волонтерство, како одржлив модел со бројни индивидуални и колективни придобивки.

— реклама —

Волонтерите на Црвениот крст ја запознаа претседателката Сиљановска Давкова со редовните ангажмани во поддршка на ранливите групи, заштита на животот и здравјето на граѓаните и унапредување на севкупната социјална состојба во општеството, а во разговорот хуманите активисти ги споделија нивните лични заложби што биле поттик и инспирација да се вклучат во Црвениот крст.

На средбата, претседателката Сиљановска Давкова го сподели своето сеќавање од скопскиот земјотрес и деновите потоа, нагласувајќи ја непроценливата вредност на солидарноста и придонесот на волонтерите, обединети во силната желба за помош и поддршка. Во таа насока, посочи дека граѓанското општество најмногу се зајакнува преку волонтерска работа, оценувајќи дека волонтерството треба да се вгради и во образовниот систем.

За време на посетата, претседателката Сиљановска Давкова потпиша пристапница за членство во Црвениот крст, како една од најголемите и најзначајни волонтерски организации и притоа ја нагласи нејзината натамошна безрезервна поддршка на хуманизмот како највозвишена човекова вредност и врвен приоритет на секое општество.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library2lc5783s4rig05MHgus

„Договорот со Бугарија не предвидува промена на Уставот“, Сиљановска одржа предавање во Загреб за парадоксите на македонските евроинтеграции

Македонија | пред 5 дена

siljanovska-davkova-2-1

Сиљановска-Давкова ќе одржи предавање на Правниот факултет во Загреб

Македонија | пред 5 дена

media-library87c4s8g48hp14sCfJJq

Сиљановска по средбата со Милановиќ: Евроинтеграциите мора да се базираат на заслуги, не на идентитетски прашања

Македонија | пред 6 дена

media-librarybvaomv9f4c88466Cos4

Сиљановска-Давкова на средба австриските амбасадори од регионот на ЈИЕ

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања