Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Претседателот на ФИФА: Не требаше да се исфрли Русија од меѓународниот фудбал

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Спорт
lopta-fudbal

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, изјави дека било грешка што рускиот фудбал беше исфрлен од сите натпреварувања под капата на ФИФА и УЕФА.

Инфантино зборуваше на оваа тема за британскиот Скај Спорт. Тој потсети дека сите руски клубови и репрезентации, во сите возрасни категории, беа суспендирани кратко по почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година.

— реклама —

„Мораме да го преиспитаме тоа (исфрлување на Русија). Тоа е сигурно грешка“, изјави Инфантино.

Првиот чекор кон враќањето на Русите на меѓународната сцена веќе беше направен од Меѓународниот олимписки комитет, кој препорача младите репрезентации да можат да се натпреваруваат како и сите други земји.

— реклама —

„Исклучувањето на Русија не донесе ништо добро, само создаде повеќе фрустрации и омраза. Фактот дека руските момчиња и девојчиња можат да играат фудбал во други делови на Европа е позитивна работа“, нагласи Инфантино.

Тој додаде дека ФИФА треба да размисли за промена на правилата, така што идни репрезентации нема да трпат последици заради политичките одлуки на своите земји.

„Никогаш не би требало да ја забраниме земјата да игра фудбал поради постапките на нејзините политички лидери. Јас сум против забрани и против бојкоти. Тоа не носи ништо, само ја зголемува омразата“, порача Инфантино, правејќи паралела со трговските односи меѓу Велика Британија и САД.

На крајот, Инфантино кратко прокоментира и за критиките околу тоа што претседателот на САД, Доналд Трамп, доби награда „ФИФА признавање за мир“:

„Објективно, ја заслужи. Мораме да сториме сè за да придонесеме за светски мир“, одговори првиот човек на ФИФА.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

zaharova-51320-

Захарова го критикуваше Нетанјаху: „Споредбата на Иран со Холокаустот е опасна“

Свет | пред 6 часа

— реклама —
media-libraryf80tj7ah7kaufWqMifA

Путин: „Победата е наша“

Свет | пред 1 ден

nafta

Русија го запира извозот на казахстанска нафта кон Германија

Свет | пред 1 ден

kremlj

Руската Федерална служба за безбедност спречи терористички план: Германска државјанка планирал напад

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања