Претседателот на Велосипедската федерација, Е.Ц. (45) од Куманово, пријавил повеќе кривични дела против неколку членови на федерацијата, информира Министерството за внатрешни работи.
Пријавата била поднесена на 21 април 2026 година во 11:30 часот во СВР Куманово, а според неа, лицата се сомничат за „фалсификување службена исправа“, „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „затајување“.
Како што е наведено, тие претходно биле отповикани од функциите членови на Управниот одбор на седница одржана на 11 март 2026 година, но по тоа, со неовластена употреба на печатот на федерацијата – кој им бил даден на користење од поранешниот секретар – покренале иницијатива за свикување собрание на федерацијата.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.