На 10.04.2024 на место викано „Зад Пеливар“, атар на с.Слоештица, демирхисарско, полициски службеници од СВР Битола - ОВР Демир Хисар во координација со Шумска полиција го лишиле од слобода А.В.(44) од с. Слоештица затоа што кај него биле пронајдени огревни дрва без документација. Истиот ден, во с. Слоештица, полициски службеници од СВР Битола - ОВР Демир Хисар во координација со шумска полиција го лишиле од слобода Т.Д.(58) од с.Слоештица. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени моторна пила, огревни дрва, тракторска приколка и 220 вреќи ќумур, за кој постои сомнение дека е предмет на претходно извршено кривично дело. По документирање на случаите, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.
Приведени лице од демирхисарско, биле пронајдени огревни дрва без докумантација
Поврзани содржини
Лажни повици за „операции“: разбиена измамничка шема, жртви се повозрасни лица
Македонија | пред 9 часа
На бизарен начин, велешанец остана без 4.000 евра
Македонија | пред 10 часа
Напад врз полицаец во Шутка: Приведен скопјанец откако оштетил полициско возило
Македонија | пред 10 часа
Насилен инцидент зад решетки: Осуденик повреден во Затвор Прилеп
Македонија | пред 14 часа