Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Признавања од Москва: Русија тапка во место, загубите огромни

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
media-library3l3n2gp8cbsq12CBLlk

По месеци несогласувања околу мировните преговори, Белата куќа и дел од руските пропагандисти конечно се усогласија барем во едно – војната во Украина за Москва не се одвива добро, пишува Kyiv Independent.

— реклама —

Американскиот потпретседател Џ.Д. Венс на 28 септември порача

— реклама —

„Русите мора да се разбудат и да ја прифатат реалноста. Умираат многу луѓе, а немаат со што да се пофалат“. Неколку дена претходно, претседателот Доналд Трамп оцени дека Русија „потрошила милиони и милиони долари на бомби, ракети, муниција и животи – нивните животи – а практично не освоила никаков териториј“.

— реклама —

Проруски коментатори: фронтот е во ќорсокак

Не се повеќе само западни проценки. Во последниве денови и повеќе проруски гласови јавно признаваат застој, губитоци и ограничени резултати.

Украинската група за мониторинг Deep State пресмета дека Русија од јуни до август зазела 1.548 квадратни километри територија, но изгубила речиси 95.000 војници – во просек над 1.000 дневно. Тоа претставува само 0,003% од вкупната површина на Украина.

Руската коментаторка Татјана Монтјан предупреди на 22 септември дека нема доволно војници за нови офанзиви и дека Путин ќе мора да објави нова мобилизација „доколку не се случи голем пробив“. Сенаторот Дмитриј Рогозин, кој ја застапува окупираната Запорожка област, отиде уште подалеку: „Невозможно е да се напредува. На фронтот има мртва точка“, призна тој на 21 септември.

Поранешниот проруски лидер во Донбас, Павел Губарев, потврди дека загубите се огромни, бидејќи „Русите речиси постојано напаѓаат, а Украинците главно се бранат“.

Сомнеж во официјалните бројки

Дури и на државната телевизија НТВ се слушнаа сомнежи во официјалните бројки за украинските загуби. Еден гостин изјави:

„На почетокот на војната украинската армија имаше околу 800.000 луѓе. Со текот на времето бројот растеше за 100.000 до 120.000 годишно. Значи е невозможно да изгубиле 1,7 до 2 милиони луѓе, затоа што тогаш војската повеќе не би постоела“. На прашањето на водителот дали тоа значи дека „министерството лаже“, тој одговори: „Не само нашето. Голема грешка е да се потценува украинската војска“.

Расте заморот во Русија

Украинскиот воен аналитичар и поранешен офицер Иван Ступак вели дека тежината на ваквите изјави ќе се мери според реакциите на властите. „Пропагандистите зборуваат сè додека тоа им е дозволено. Ако вистината им наштети, ќе видиме како ќе се постапи кон нив“, истакна тој.

Според него, ваквите тонови се и показател за растечки замор меѓу руските граѓани, кои, спротивно на тврдењата на Кремљ, не се подготвени да водат бесконечна војна.


Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

kremlj

Кремљ: Нема да стоиме на страна додека Куба страда

Свет | пред 18 часа

peskov-putin1

Кремљ: Србија е „пријателска и братска земја“, испораките на гас продолжуваат

Свет | пред 20 часа

media-libraryme5079vgccp59EEe3b8

(Видео) Руски аналитичар тврди: „Осудени сме на пораз во Украина“

Свет | пред 22 часа

media-libraryetjmqfmacn7u0iabNim

Рускиот ФСБ разоткри британски дипломат во Москва – мора да ја напушти земјата

Свет | пред 23 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања