Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Протестниот бран во Србија се шири – тензии и инциденти во повеќе градови

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Свет
Screenshot-2025-08-14-at-23.33.47

Вечерва низ Србија продолжуваат протестите против владејачката Српска напредна странка (СНС), со илјадници граѓани на улиците и силно полициско присуство.

— реклама —

Во Горњи Милановац, неколку стотици демонстранти се собраа пред просториите на СНС, но полициски кордон им го блокираше пристапот. Пред објектот се наоѓаа партиски и градски функционери и активисти со државни знамиња, додека од звучници одекнуваше химната „Боже правде“. Протестот, организиран од студентите и средношколците под мотото „Побуни се“, започна на плоштадот „Кнез Михаило“ и продолжи со марш до седиштето на партијата.

— реклама —

Во Нови Сад, по демолирањето на просториите на СНС на Булеварот на ослободувањето, дел од демонстрантите влегоа и во седиштето на партијата во улицата Стражиловска, каде што вчера, според обвинувања, партиски приврзаници нападнале граѓани со пиротехника.

— реклама —

Шабац вечерва исто така е жариште на тензии – пред просториите на СНС беше фрлена пиротехника, при што беа погодени неколку приврзаници на партијата кои стоеле со српски знамиња. Потоа беа фрлени и „топовски удари“, по што најголем дел од нив се повлекоа во објектот. Демонстрантите и седиштето на СНС ги раздвојуваше оклопна полиција.

Во Ниш, граѓаните се собраа пред градското собрание, каде што фрлаа со јајца врз кордони на полицијата, извикувајќи пароли „Уапсете го Вучиќ“, „Спуштете ги штитовите“ и „Дали за ова се школувавте“.

Протестите во сите градови продолжуваат со засилено полициско присуство, а вечерта ја одбележуваат повеќе инциденти и вербални судири меѓу демонстрантите и приврзаниците на СНС.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2023-09-28-at-23.51.03

Вучиќ: Разговарав со Путин, добивме поевтин гас и го информирав за „сојузот меѓу Загреб, Приштина и Тирана“

Свет | пред 14 часа

media-librarytdjc4885eie333kQMVZ

Вучиќ прогласи победа „10-0“: СНС освои во сите општини

Свет | пред 20 часа

media-library4dngb41tvd1q3Cw2dvI

Инциденти и обвинувања на изборите во Србија: Две различни слики од теренот

Свет | пред 1 ден

vucic-brnabic

Брнабиќ ја обвини опозицијата: „Не бараат избори за демократија, туку за конфликти“

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања