Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Противправна сеча и транспорт на дрва откриена во ЈП „Национални шуми“ - предизвикана штета од 780.000 денари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryjqhmrokqje4fdUiTJwN

НК за КР Пробиштип поднесе кривични пријави против две службени лица за „несовесно работење“, против две лица за „употреба на исправа со невистинита содржина“ и против едно лице од Кочани за „поттикнување“ и „помагање“. На 04.02.2025 биле поднесени барања за сеча за парцели кои се ниви, а службеник составил записник со лажни податоци и издал одобренија. Потоа било организирано бесправно сечење на државно земјиште, издавани приемници и испратници без проверка и со фалсификуван потпис. Исечени се 53,81 м³ дрвна маса, со штета од 780.245 денари.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против Љ.М.(63) од Злетово и Д.И.(49) од с.Калниште поради постоење основи на сомнение за сторено продолжено кривично дело „несовесно работење во службата“, против Ј.К.(70) и Д.К.(61) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“ и против Б.М.(55) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторени продолжени кривични дела „поттикнување“ и „помагање“.

— реклама —

На 04.02.2025, третопријавениот Ј.К. и четвртопријавениот Д.К., поттикнати од петтопријавениот Б.М., во Јавното претпријатие „Национални шуми” - Подрачно шумско стопанство „Осогово” - Кочани – РЕ Пробиштип поднеле барање за сеча на стебла на нивен имот во атар на с.Лезово, пробиштипско, и покрај тоа што нивните парцели се ниви и нема таков вид на дрва за сечење. Првопријавениот, по поднесените барања, излегол на местото, извршил увид и изготвил записник во кој внел лажни податоци дека постои дрвна маса-стебла на тополи за сеча, иако на парцелата немало какви било видови дрва. Откако бил платен надоместокот за издавање на одобрение за сеча, првопријавениот изготвил одобренија за сеча на дрвна маса, при што едното воопшто не го доставил на потпис на раководителот, а за да ја прикрие бесправноста усно го известил четвртопријавениот дека неговото барање за сеча е одбиено, кое всушност го изготвил и го одложил во досието на предметот.

— реклама —

По ова, петтопријавениот организирал сечење тополи на парцела во државна сопственост. Додека, второпријавениот, во својство на службено лице во ЈП „Национални Шуми”-ПШС „Осогово” Кочани-РЕ Пробиштип, на 11.02.2025 изготвил приемница за сеча и приемница за дотур без да ја утврди фактичката состојба за исечената дрвна маса и дали истата маса потекнува од означените стебла, издал испратници со кои исечените стебла биле однесени на продажба во фирма во Kавадарци. На ист начин, постапил и со барањето на Д.К., за што го фалсификувал потписот на приемниците на четвртопријавениот, а потоа издал и лажна испратница за ситно техничко дрво орев, кое всушност претходно со камион, управуван од петтопријавениот Б.Д. бесправно било исечено и одвезено во фирма во охридско. Со ваквите дејствија било извршено сечење на вкупно 53.81 кубни метри дрвна маса, со што била причинета штета на државниот буџет за износ од 780.245 денари.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

falsifikt-evra

Лажни повици за „операции“: разбиена измамничка шема, жртви се повозрасни лица

Македонија | пред 6 часа

pari-evra-policija

На бизарен начин, велешанец остана без 4.000 евра

Македонија | пред 7 часа

media-librarysr1usvthm85l4RGDkwz

Напад врз полицаец во Шутка: Приведен скопјанец откако оштетил полициско возило

Македонија | пред 7 часа

media-library7mlppie6sdaa5jQszjZ

Насилен инцидент зад решетки: Осуденик повреден во Затвор Прилеп

Македонија | пред 10 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања