Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Прва седница на новиот Генерален совет на ДУИ по Конгресот: Фокус на кадровско екипирање

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-libraryj4ru1qn0td7ccARkg85

Во седиштето на Демократската унија за интеграција (ДУИ) во Мала Речица попладнево се одржа првата седница на новиот Генерален совет на партијата, по неодамна одржаниот Конгрес.

— реклама —

Состанокот започнал околу 17:00 часот, а на него учествуваат 30 членови, што претставува значително проширување на ова партиско тело во споредба со досегашниот состав од 10 членови. Проширувањето е резултат на одлуките донесени на последниот Конгрес на ДУИ.

— реклама —

Иако од партијата засега официјално не го објавија дневниот ред, неофицијални извори информираат дека главен акцент на седницата е целосното кадровско екипирање на партиската структура. Според најавите, се очекува да бидат соопштени и имињата на новите претседатели на партиските ограноци низ државата.

— реклама —

На седницата се присутни и повеќе истакнати партиски функционери, меѓу кои поранешниот министер за образование Јетон Шаќири, потпретседателот на Генералниот совет Бујар Османи, како и генералниот секретар Арбер Адеми.

Оваа средба следува по значајните конгресни промени, со кои, според партиските соопштенија, биле заменети околу 80 отсто од раководните кадри, додека лидерот Али Ахмети го доби својот петти мандат на чело на ДУИ.

Повеќе информации за донесените одлуки и новите кадровски решенија се очекуваат по завршувањето на седницата, кога партијата треба официјално да се огласи со соопштение.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

ahmetii

ДУИ со барање до Мицкоски да промени став: Овој став ја нарушувате суштината на Охридскиот договор и соживотот

Македонија | пред 2 дена

market-pari

ДУИ: Сумболично зголемување на платите, а трошоците за една година се зголемени за 6.000 денари

Македонија | пред 4 дена

media-librarykh057clltaiodsaXNw1

ДУИ: Производството на термоелектраните за јануари е намалено за цели 22.5%

Македонија | пред 4 дена

media-librarygghgbk7k3rvt1EnJ0Qh

ДУИ алармира: Систематизацијата во МВР ја загрозува етничката рамнотежа

Македонија | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања