Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

“Прво човек, потоа градоначалник на Скопје”, Ѓорѓиевски ја промовираше кандидатурата за Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Скопје
media-libraryrbllfqii01210LDvFzm

Орце Ѓорѓиевски, актуелен градоначалник на Кисела Вода, денеска официјално ја претстави својата кандидатура за градоначалник на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

„Време е за нов почеток! За нашето Скопје, за најдоброто кое го заслужувате“, порача Ѓорѓиевски на својата промоција пред скопјани, истакнувајќи дека влегува во трката „прво како човек, па како градоначалник“.

— реклама —

Тој пред граѓаните зборуваше за својата визија за главниот град, нагласувајќи дека Скопје мора да се издигне од сегашните проблеми и да стане место „каде што младите ќе ја гледаат својата иднина, постарите ќе имаат мир, а сите ќе живеат достоинствено“.

„Не сум тука да ветувам чуда, туку да бидам човек што дише ист воздух и се соочува со истите проблеми како вас. Прво човек, потоа градоначалник“, истакна тој.

— реклама —

Како приоритети ги наведе нови паркови и зелени коридори, модерен јавен превоз со булевари и катни гаражи, подобри училишта и дигитални услуги за граѓаните.

„Скопје заслужува повеќе – чист воздух, современи училишта, функционален јавен превоз и уреден урбанизам. Ова не е само моја борба, ова е наша заедничка мисија. Најсилниот збор во демократија е – ние, скопјани“, рече Ѓорѓиевски.

На крајот им се заблагодари на сите поддржувачи, особено на премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за довербата и поддршката.

„Заедно ќе победиме“, порача Ѓорѓиевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarynbj0fssafh3k8Sb3ZRk

Ѓорѓиевски: Започна процесот на одгасување на Вардариште

Скопје | пред 6 дена

— реклама —
media-librarys8o3gcc07pjobisP5T0

Над 300 оброци за бездомници на Велики Четврток

Скопје | пред 1 седмица

media-libraryrh4pk550lq7bcWa0N1K

Ѓорѓиевски: Се комплетира првата фаза од булеварот „Македонија“

Скопје | пред 2 седмици

media-library0co5sc0kahlhbVkMDDn

Скопје денес е центар на светското олимписко таеквондо

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања