Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Пукање со пиштол, дрога и измама со врати - три кривични во Струга

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 ден -

Македонија
media-libraryns6bvf54ri3s5Dnmckx

Марихуана пронајдена кај 22-годишник, измама со неиспорачани блиндор врати и пукање со огнено оружје – три одделни случаи резултираа со кривични пријави од струшката полиција.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Е.В. (22) од Струга поради сомнение за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги“. На 30 септември 2025 година, при полициски преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана.

— реклама —

Втората пријава е против Ј.Б. од Битола за кривично дело „измама“. Според полицијата, 34-годишник од струшко село во ноември 2025 година договорил изработка на блиндор врати во вредност од 3.040 евра, при што однапред исплатил 2.140 евра. Вратите требало да бидат изработени до 20 јануари 2026 година, но пријавениот постојано ја одложувал изработката и не го исполнил договорот.

Третата кривична пријава е поднесена против Р.З. (51) од селото Делогожда за „предизвикување општа опасност“. На 23 март 2026 година, пријавениот пукал од огнено оружје. При претрес во неговиот дом полицијата пронашла пиштол со празна рамка, куршуми калибар 9 милиметри и дозвола за оружјето издадена на негово име.

— реклама —

По документирање на случаите, ќе следуваат соодветни постапки пред надлежните институции.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryufankrd0ebkreVllJME

МВР: Потврдите за платени казни од „Безбеден град“ повеќе не треба да се носат во полиција

Настани | пред 8 часа

— реклама —
media-library52ut6bais8dgdX4Quku

Шест возачи уапсени за безобѕирно возење без дозвола

Македонија | пред 9 часа

media-libraryj0h8k113kh8g7Qh36PC

МВР: Пет пријави за семејно насилство, четворица уапсени

Македонија | пред 9 часа

media-library7fq9g456k7fl60Baf8m

На аеродром Скопје уапсен гостиварец баран со меѓународна потерница

Македонија | пред 10 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања