Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Расте стравот од сеопфатна војна меѓу Израел и Хезболах, летовите за Бејрут се откажани

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет

Група авиокомпании ги откажаа летовите за Бејрут поради ескалацијата на тензиите меѓу Израел и либанскиот Хезболах. Тензиите ескалираа откако во саботата ракета на сириската Голанска висорамнина окупирана од Израел уби 12 деца. Израел го обвини Хезболах за нападот, а либанската вооружена група ја негираше одговорноста. Кризниот кабинет на Израел ја овласти владата во Тел Авив да подготви одговор.

— реклама —

Луфтханза објави дека ги откажала летовите за Бејрут до 30 јули поради моменталната ситуација на Блискиот Исток. Германскиот авиопревозник не лета кон либанската престолнина ноќе од почетокот на јули. Туркиш ерлајнс откажа два лета, а ниту SunExpress, филијалата на Туркиш ерлајнс AJet, грчкиот авиопревозник Aegan Airlines, Ethiopian Air ниту Middle East Airlines (MEA) нема да летаат до главниот град на Либан, според податоците на Flightradar24.

— реклама —

МЕА соопшти дека одложила неколку ноќни летови и има намера да одложи неколку дневни, „од технички причини поврзани со осигурениот ризик за авионите на линиите меѓу Либан и други дестинации“.

— реклама —

Превозниците не одговорија веднаш на барањето на Ројтерс за коментар на информацијата. Меѓународниот аеродром Рафик Харири е единствениот аеродром во Либан.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

vojna-ukraina

„Политико“: Западните земји сè повеќе веруваат дека светот се движи кон глобална војна

Свет | пред 1 месец

mkd-566762

Москва: Русија продолжува со војната

Свет | пред 1 месец

media-libraryn0at4km4a84jamHzvVd

Зеленски: Крајот на војната ќе зависи од американските безбедносни гаранции

Свет | пред 2 месеци

kremlj-moskva

Кремљ: Имавме телефонски разговори со администрацијата на Трамп

Свет | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања